Сава Осигурување со пресврт до победа над Гранит

Гранит 4-6(1-0) Сава Осигурување

Гранит: Пепи Мицев 28’ 36’ Александар Димитровски 4’ 34’
Сава Осигурување: Данило Поповски 21’ 22’ 31’ 33’ Коста Глигуровски 29’ Данило Апостолски 40′

Возбудливо прво полувреме одиграа екипите на Гранит и Сава Осигурување, екипата на Гранит во 4та минута со погодокот на својот голман успеа да го отвори резултатот на 1-0. По оваа негатива екипата на Сава Осигурување се префрли на противничко поле и вршеше жесток притисок со цел да дојде до израмнување. Екипата на Сава успеа да создаде неколку одлични шанси за погодок, но екипата на Гранит одлично ја постави својата игра во одбраната и успеваше да одолее на притисокот се до крајот на полувремето. Во второто полувреме екипата на Сава Осигурување влезе многу жестоко и уште на самиот старт со двата евро-голови на Данило Поповски во 21та и 22та минута успеа да направи целосен резултатски пресврт 1-2. Екипата на Гранит со неколку промени во играта успеа да ја превземе иницијативата што им донесе израмнување во 28та минута. Екипата на Сава Осигурување последните минути од натпреварот ги одигра во одличен ритам па успеа да слави со резултат од 4-6.