Сава Осигурување со силно прво полувреме до победа над Водовод

Водовод 3-6(0-5) Сава Осигурување

Водовод: Стефан Вангелски 39’ Авни Ајвази 26’ Столе Ивановски 35’
Сава Осигурување: Коста Глигуровски 19’ Трајче Илиевски 7’ 9’ 14’ 16’ Мирче Маринкович 23’

Одлично прво полувреме одиграа екипите на Водовод и Сава Осигурување, екипата на Сава Осигурување уште на самиот старт наметна високо темпо на игра се префрли на противничко поле вршејчи жесток притисок кон голот на Водовод што вроди со плод со двата гола на Илиевски во 7та и 9та минута за водство од 0-2. Екипата на Водовод по оваа негатива се обидуваше со чести промени на играчи да наметне свој стил на игра но не успеа во таа намера па екипата на Сава Осигурување на паузата замина со предност од 0-5. Во второто полувреме екипата на ВОдовод на сите можни начини се обидуваше да ја намали високата негатива но екипата на Сава Осигурување со одлично поставена игра во фаза на напад и одбрана имаше целосна контрола врз играта и резултатот не дозволи изненадување и го доби овој натпревар со 3-6