ТЕМАТО не успеа да го скрши отпорот на ЕЛЕМ

ЕЛЕМ 10-7(4-1) ТЕМАТО

ЕЛЕМ: Ристо Стефановски 35’ Влатко Петровски 3’ 37’ 37’ 38’ Тихо Груевски 2’ 17’ 28’ Илир Елмазовски 4’ Бејковски 27’
ТЕМАТО: Лазар Алексовски 23’ 29’ 34’ Мерис Халитовиќ 3’ 35’ 40’ Ибрахим Мемети 36’

Натпреварот помеѓу екипите на ЕЛЕМ и Темато го отвори екипата на ЕЛЕМ уште во раната фаза преку погодокот на Груевски за по само по неколку минути му се надоврзат Петровски и Алмазовски со што ЕЛЕМ стекна предност од 3 гола. Темато се обидуваше во текот на целото полувреме да најде против игра за расположениот ЕЛЕМ, но до паузата не успеа во тоа па на полувремето ЕЛЕМ замина со предност од 4-1. Во второто полувреме екипата на Темато ги консолидира своите редови и со одлична игра успеа да фати резултатски приклучок за да во самиот финиш влезе во егал завршница. Но ЕЛЕМ во своите редови го имаше расположениот Петровски кој со три гола во низа го однесе ЕЛЕМ до победа од 10-7