Уни Банка со тимска игра до победа над ТАВ

ТАВ 2-4(0-0) Уни Банка

ТАВ: Мартин Арсовски 23’ 28’
Уни Банка: Ѓорѓи Пецевски 21’ Ивица Орозовски 29’ Ангел Петков 33’ Ненад Саздовски 37’

Израмнето прво полувреме со многу борба на секоја педа од теренот одиграа екипите на ТАВ и Уни Банка. Во воа прво полувреме и двете екипи имаа свои одлични периоди на игра, успеаваа да создадат шанси за погодок но покажаа слаба реализација. Играчите на двете екипи со соло акции и удари од далечина се обидуваа да го совладаат противничкиот голман но не успеаа во таа намера, мрежите останаа мирни а на полувреме се замина со 0-0. На стартот на второто полувреме екипата на Уни Банка со голот на Пецевски успеа да дојде до водство од 0-1. Следуваше брз одговор на екипата на ТАВ со погодок во 23та минута за израмнување на 1-1. Овие воведни погодоци го кренаа темпото на игра и почнаа да се редат шанси на двете страни Екипата на ТАВ со погодок во 28та минута успеа да реализира за пресврт од 1-2. По ова следуваше одличен преиод на игра за екипата на Уни Банка која до 37та минута успеа да постигне три погодоци за повторно водство од 2-4 конечен резултат на овој натпревар.