Фабрика Карпош – ГИМ со одлична игра до победа над ФК на глуви Слобода

ФК на глуви Слобода 2-7(2-5) Фабрика Карпош – ГИМ

ФК на глуви Слобода: Ибо Шаќири 17’ Стојковски Мартин 10’
Фабрика Карпош – ГИМ: Љупчо Петрушевски 19’ Славчо Мирчевски 30’ Кристијан Панев 7’ 11’ 16’ Филип Илиевски 11’ Игор Николовски 23’

Возбудливо прво полувреме одиграа екипите на ФК на глуви Слобода и Фабррика Карпош – ГИМ, прва до водство дојде екипата на Фабрика Карпош со погодок во 7та минута. Неколку минути подоцна односно во 10та минута екипата на ФК на глуви Слобода преку еден контра напад успеа да дојде до израмнување на 1-1 Следуваше брз одговор на фдабрика карпош па во 11та минута супеаа да постигнат два погодоци за водство од 1-3. До крајот на полувремето екипата на ФК на глуви Слобода вршеше притисок со цел да дојде до израмнување но не успеа во тоа па на паузата Фабрика Карпош – Гим замина со предност од 2-5. Во второто полувреме екипата на Фабрика Карпош – ГИМ продолжи со одлична игра во одбраната и не и дозволиваше на екипата на Слобода резултатски да се приближи. До крајот на натпреварот Фабрика Карпош го зголеми водството и го доби овој натпревар со сигурни 2-7.