Фабрика Карпош – ГИМ со пресврт до победа над Сава Осигурување

Сава Осигурување 2-3(0-0) Фабрика Карпош – ГИМ

Сава Осигурвање: Јовица Марковски 21’ 31’
Фабрика Карпош – ГИМ: Тони Котев 30’ Ѓорѓи Божиков 39’ Кристијан Панев 39’

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Сава Осигурвање и Фабрика Карпош – ГИМ, во ова прво полувреме двете екипи имаа свои периоди на игра во кои успеаа да создадат шанси за погодок но имаа слаба реализација па мрежите на двете страни останаа мирни. На полувреме се замина со резултат од 0-0. На стартот на второто полувреме Сава Осигурвање успеа да постигне погодок за водство од 1-0, по оваа негатива екипата на Фабрика Карпош фрли се на една карта и тргна по израмнување таа вршеше силен притисок кон голот на Сава Осигурување кои успеаа да одолеат на овој притисок се до 30та минута кога Фабрика Карпош успеа да реализира за израмнување. Веќе следната минута екипата на Сава Осигурување успеа да постигне погодок и повторно да го превземе водството па на екипата на Фабрика Карпош и преостана во последните минути од натпреварот да брка израмнување. Во 39та минута екипата на Фабрика Карпош успеа да постигне два погодоци за целосен пресврт и победа во овој дуел со резултат од 2-3.