Фабрика Карпош – ГИМ фуриозно во дуелот со Спорт Лајф

Спорт Лајф 1-12(0-5) Фабрика Карпош – ГИМ

Спорт Лајф: Бранко Бербешевски 28’
Фабрика Карпош – ГИМ: Георги Божиков 14’ 19’ 33’ 34’ Кристијан Панев 6’ 40’ Филип Илиевски 13’ 26’ 29’ 39’ Игор Николовски 39’ Ивица Мацкиновски 18’

Екипата на Фабрика Карпош фуриозно го започна овој натпревар и уште од самиот старт наметна висок ритам на игра што екипата на Спорт Лајф не можеше да го следи. Со одличен напад и уште подобра реализација полувремето го заврши со резултат од 0-5. Во второто полувреме Фабрика Карпош – ГИМ го засили темпото не дозволувајќи и на екипата на Спорт Лајф да најде против игра. Мора да истакнеме дека екипата на Спорт Лајф испиша историја во Бизнис Лигата бидејќи настапи со мешан машко-женски состав впрочем во игра влезе Валерија Ваљак која е првото женско кое настапило во Бизнис Лигата. Натпреварот го доби екипата на Фабрика Карпош – ГИМ со убедливи 1-12.