ФК на глуви Слобода со одлично второ полувреме до победа над А1

А1 2-5(2-2) ФК на глуви Слобода

А1: Мартин Тодоровски 12’ Никола Спасевски 20’
ФК на глуви Слобода: Самир Чеховиќ 20’ Јасин Алими 31’ Илијас Бахтијар 10’ 28’ 36’

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на А1 и ФК на глуви Слобода, прва во водство дојде екипата на ФК на глуви Слобода со погодок во 10та минута и водство од 0-1. Следуваше брз одговор на екипата на А1 со погодокот на Тодоровски во 12та минута и израмнување на 1-1. По овие погодоци следуваше жестока борба по целиот терен, и кога се очекуваше дека на полувремето дека ќе се замине со овој резултат во последната минута од полувремето паднаа два прекрасни погодоци, стрелаше Спасевски за водство на А1, а израмни Чеховиќ за 2-2 на полувремето. Во второто полувреме се продложи во високо темпо на игра во кое екипата на ФК на глуви Слободаимаше повеќе од играта, ги искористи своите рилики за гол и заслужено го доби овој натпревар со 2-5.