Халк Банка со тимска игра до сигурна победа над Окта

Халк Банка 10-5(5-3) Окта

Халк Банка: Дарко Крстевски 10’ Мартин Дамески 1’ 8’ 31’ 33’ Алпер Тахир 31’ 35’ Игор Стојановски 9’ Самир Вели 7’ Марјан Атанасовски 26’
Окта: Тино Трајковски 4’ 13’ 20’ Живко Котевски 22’ Славче Стојковски 39’

Екипата на Халк Банка одлично го отвори натпреварот со Окта со погодок Дамески уште во првата минута од полувремето. По ова рано водство екипата на Окта возврати прку брз контра напад и погодок на Трајковски за израмнување на 1-1. Екипата на Халк Банка продолжи со силен пресинг кон голот на Окта и за само 4 минути од седмата до десетата мунита успеа да створи солидна предност од 5-1. До крајот на полувремето екипата на Окта се обидуваше да ја стопи разликата на Халк Банка во што делумно и успеа но Халк Банка одлично ја постави играта во одбраната и не дозволи поголемо изненадување па на паузата замина со предност од 5-3. Во второто полувреме екипата на Халк Банка го подигна нивото и темпото на игра и од минута во минута го зголемуваше водството, екипата на Окта се чинеше дека нема решение за брзата игра на Халк Банка. Во финишот од натпреварот екипата на Окта реализираше но само да го ублажи поразот од 10-5.