Ѓоргиоски со 8 погодоци го водеше Макпетрол до победа над Окта

Макпетрол 8-3(2-1) Окта

Макпетрол: Мишо Ѓоргиоски 17’ 20’ 21’ 23’ 34’ 36’ 37’ 39’
Окта: Драганчо Шоршиевски 24’ 40’ Горан Бојковски 19’

Израмнето прво полувреме ни прикажаа екипите на Макпетрол и Окта, двете екипи во овој натпревар влегоа силно мотивирани за победата. Се играше цврсто со борба за топка на секоја педа од терено, двете екипи ги користеа своите голмани со цел да дојдат до играч плус во нападот. Двете екипи во првото полувреме имаа одлични удари кон голот но денеска голманите беа на ниво на задачата и успеваа одлично да ги чуваат своите мрежи. Во финишот од полувремето екипата на Макпетрол успеа да најде пукнатина во одбраната на Окта и да поведе со 1-0, ова ја примора екипата на Окта да притисне во предно поле што и успеа па дојде до израмнување во 19та минута. Сепак до крајот на полувремето екипата Макпетрол со вториот погодок на Ѓоргиоски успеа да дојде до минимална предност од 2-1. На самиот старт на второто полувреме екипата на Макпетрол влезе во натпреварот со пеколно темпо и ја изненади екипата на Окта со два брзи погодоци. Мишо Ѓоргиоски продолжи да претставува нерешлива енигма за екипата на Окта која немаше решение за неговата игра во нападот. Макпетрол потпрен на Ѓоргиоски успеваше да изработи перфектни офанзивни решенија кои Ѓоргиевски ги претвараше во гол. Окта се обидуваше да се врати во натпреварот но Макпетрол вечерва имаше своја вечер не го дозволи тоа и го доби овој натпревар со 8-3