ЈСП преку Павловиќ до победа над ТАВ

ТАВ 3-7(2-2) ЈСП

ТАВ: Мартин Арсовски 9’ 40’ Ријат Сулејмани 12’
ЈСП: Велко Серафимовски 33’ Љупчо Павловиќ 8’ 9’ 27’ 27’ Сабит Хусеини 30’ 40’

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на ТАВ и ЈСП, прва во водство дојде екипата на ЈСП со погодокот на Павловиќ. Следуваше брз одговор од екипата на ТАВ која со погодок во 9та минута успеа да дојде до израмнување на 1-1. Екипата на ЈСП веќе во следната минута со вториот погодок на Павловиќ успеа да дојде повторно до водство. Екипата на ТАВ во 12та минута успеа да реализира еден контра напад и повторно да дојде до израмнување. До крајот на полувремето двете екипи имаа прилики да го превземат водството но имаа слаба реализација па на полувреме се замина со 2-2. На стартот на вториот дел екипата на ЈСП ја превзеде иницијативата и започна со жесток притисок кон голот на ТАВ што и донесе резултат во 27та со два погодоци постигнати преку Павловиќ. Екипата на Тав со чести ротации на играчи се обидуваше да ја пронајде својата игра и да фати резултатски приклучок но екипата на ЈСП не дозволи изненадување и го доби овој натпревар со 3-7