Џонсон Мети со одлично второ полувреме до победа над Водовод

Водовод 2-3(1-1) Џонсон Мети

Водовод: Горан Христовски 4’ Стојанче Величковски 29’
Џонсон Мети: Благојче Божиновски 4’ Бобан Ристов 24’ 32’

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Водовод и Џонсон Мети, прва во водство дојде екипата на Џонсон Мети со погодок во 4та минута. Следуваше брз одговор од екипата на Водовод со погодокот на Христовски во истата минута за израмнување на резултатот. По овие воведни погодоци се продолжи во силен ритам на игра со многу борба по целиот терен, во таквата игра во ова полувреме изостанаа погодоците па на полувреме се замина со погодоците од 4та миута 1-1. Во второто полувреме поточно во 24та минута екипата на Џонсон Мети со погодокот на Ристов успеа повторно да го превземе водството на 1-2. Ова беше знак за екипата на Водовод да започне со жесток притисок кон голот на Џонсон Мети што вроди со плод во 29та минута за израмнување на 2-2 за да го направи преостанатиот дел од натпреварот интересен. Во таквата завршница поуспешна беше екипата на Џонсон Мети која го доби овој натпревар со 3-2.