Џојсон Сејфти Системс со офанзивна игра до победа над МЕПСО

Џојсон Сејфти Системс 10-5(5-3) МЕПСО

Џојсон Сејфти Системс: Стевче Велковски 26’ Нерди Бајрами 2’ 17’ 18’ 29’ Живко Стојковски 23’ Борче Аргиловски 11’ 16’ 38’
МЕПСО: Ѓоко Јанакиевски 12’ 31’ Борис Трајковски 14’ Тони Честојнов 21’ Александар Боцевски 8’
Третиот натпревар го одиграа екипите на Џојсон Сејфти Системс и екипата на МЕПСО, во раната фаза од натпреварот уште во 2та минута екипата на Џојсон Сејфти Системс постигна гол со што најави офанзивна игра. Ваквиот стил на игра го играше во текто на целото прво полувреме. Екипата на МЕПСО не успеваше да најде против игра за расположениот Џојсон Сејфти Системс па на полувремето замина со предност од 5-3. Во второто полувреме Џојсон Сејфти Системс од минута во минута го зголемуваа водството за да на крајот стигнат до убедлива победа од 10-5.