Џојсон Сејфти Системс со тимска игра до победа над ЈСП

ЈСП 3-5(1-2) Џојсон Сејфти Системс

ЈСП: Сашо Георгиев 13’ Даниел Антовски 40’ Сабит Хусеини 26’
Џојсон Сејфти Системс: Марко Димоски 36’ Борче Аргилоски 21’ 22’ Вецко Вренцоски 1’ 4’

Одличен старт за екипата на Џојсон Сејфти Системс во дуелот со ЈСП, двете екипи во овој натпревар влегоа со високо темпо на игра и силно мотивирани за победа. Кај екипата на Џојсон Сејфти Системс на самиот почеток на полувремето проработе Вренцоски кој во 1та и 4та минута успеа да реализира два погодоци за водство од 0-2. По оваа негатива екипата на ЈСП ги консолидира своите редови и почна со притисок кон голот на Џојсон Сејфти Системс ваквиот притисок колуминираше со погодок во 13та минута и намалување на 1-2. До крајот на полувремето екипата на Џојсон Сејфти Системс со чести ротации во својот состав ја одржа свежината и успеаа да го издржат притисокот од ЈСП за предност од 1-2 на паузата. Во второто полувреме екипата на Џојсон Сејфти Систем продолжи со одлична игра а се повеќе се приметуваше кратката клупа на ЈСП која не можеше да го прати високото темпо кое го наметна екипата на Џојсон Сејфти Системс. До крајот на натпреварот екипата на ЈСП се обидуваше да направи нешто повеќе но екипата на Џојсон Сејфти Системс одлично ја постави својата одбрана и не дозволи изненадување па го доби овој натпревар со 3-5