Во рамките на седмото коло од Бизнис Лигата на Македонија беа одиграни 12 натпревари а еден натпревар беше регистриран со службен резултат
Во првиот натпревар Џојсон Сејфти Ситем подобри од Аптив
Израмнето прво полувреме во висок ритам на игра одиграа екипите на Аптив и Џојсон Сејфти Ситемс, и двете екипи во овој натпреварт влегоа доста претпазливо и се одредија за дефанзивна игра па во ова прво полувреме изостанаа и погодоците и на паузата се замина со 0-0. На стартот од вториот дел екипата на Аптив успеа да постигне брз погодок, на што Џојсон Сејфти одговори уште во наредната минута за 1-1. Овој израмнувачки погодок и даде дополнителен мотив на екипата на Џојсон Сејфти која тргна уште посилно кон голот на Аптив па во 33та минута успеа да постигне погодок за водство од 1-2. До крајот на натпреварот екипата на Аптив се обидуваше да дојде до израмнување но во тоа не успеа па на крајот Џојсон Сејфти Системс славеше со 1-4.
Стрелци на головите беа:
Аптив: Александар Марковски 21’
Џојсон Сејфти Системс: Стефче Велковски 22’ Јован Манакоски 27’ Јонуз Кастриот 33’ Нерди Бајрами 40′
Еуро Табак со тимска игра дојде до победа над Тиквеш
Интересно прво полувреме одиграа екипите на Еуро Табак и Тиквеш, воведните минути од натпреварот одминаа во испитување на силите каде играчите со удари од далечина и соло акции се обидуваа да сторант нешто повеќе. Како одминуваше времето екипата на Еуро Табак го засили темпото на игра што и донесе погодоци во 11та и 13та минута за водство од 2-0. По ова екипата на Тиквеш започна со поагресивна и отворена игра како би фатила резултатски прилучок, но таквата отворена игра остави простор во одбраната на Тиквеш што екипата на Еуро Табак успеа да го казни со евро голот на својот голман Поповски во 16та минута за водство од 3-0. До крајот на полувремето двете екипи постигнаа по еден гол па на паузата се замина со 4-1. Во второт полувреме екипата на Тиквеш започна со агресивна игра уште на самиот старт со цел да ја намали разликата од полувремето, во дел од полувремето успеа да се доближи на два гола негатива но немаше сила да стори нешто повеќе во овој натпревар па разиграната екипа на Еуро Табак го доби овој натпревар со 7-3.
Стрелци на головите беа:
Еуро Табак: Филип Поповски 16’ Дејан Младеновски 14’ 20’ 34’ Дејан Јанковски 11′ 34’ Григориј Јовановски 39’
Тиквеш: Нинослав Ранѓеловски 31’ Деко Марков 19’ 33’
Ван Хоол со сигурна игра во заврпшницата дојде до победа над ЕВН
Одличен старт за екипата на Ван Хоол во дуелот со ЕВН со погодокот на својот голман Петровски во првата минута од натпреварот. По ова рано водство следуваше уште еден шок за екипата на ЕВН со два брзи погодоци за екипата на Ван Хоол и водство од 0-3 во 6та минута. Екипата на ЕВН со голман играч во фаза на напад се обидуваше да створи вишок со цел да фати резултатски приклучок, но екипата на Фан Хоол одлично ја постави играта во одбраната не дозволи изненадување а преку контра напади успеваше да казни за предност од 0-4 на полувремето. Во второто полувреме се продолжи во висок ритам на игра во која екипата на ЕВН ја имаше улогата на екипа која го брка резултатот. Екипата на ЕВН со упорна игра од минута во минута ја топеше предноста на Ван Хоол за во 37та минута со третиот погодок на Бадаловски да дојде на само еден гол негатива ид а ја направи завршнивцата драматична.
Сепак во таквата завршница екипата на Ван Хоол успеа да ја дојде до победата со резултат од 4-6.
Стрелци на головите беа:
ЕВН: Наум Бадаловски 32’ 33’ 37’ Томислав Блаевски 24’
Ван Хоол: Антонио Петровски 1’ 30’ Даниел Стаменковски 6’ Христијан Павловски 16’ Христијан Димковски 6’ Владо Здравков 40’
Фабрика Карпош – ГИМ со одлична игра дојде до победа над ФК на глуви Слобода
Возбудливо прво полувреме одиграа екипите на ФК на глуви Слобода и Фабррика Карпош – ГИМ, прва до водство дојде екипата на Фабрика Карпош со погодок во 7та минута. Неколку минути подоцна односно во 10та минута екипата на ФК на глуви Слобода преку еден контра напад успеа да дојде до израмнување на 1-1 Следуваше брз одговор на фдабрика карпош па во 11та минута супеаа да постигнат два погодоци за водство од 1-3. До крајот на полувремето екипата на ФК на глуви Слобода вршеше притисок со цел да дојде до израмнување но не успеа во тоа па на паузата Фабрика Карпош – Гим замина со предност од 2-5. Во второто полувреме екипата на Фабрика Карпош – ГИМ продолжи со одлична игра во одбраната и не и дозволиваше на екипата на Слобода резултатски да се приближи. До крајот на натпреварот Фабрика Карпош го зголеми водството и го доби овој натпревар со сигурни 2-7.
Стрелци на головите беа:
ФК на глуви Слобода: Ибо Шаќири 17’ Стојковски Мартин 10’
Фабрика Карпош – ГИМ: Љупчо Петрушевски 19’ Славчо Мирчевски 30’ Кристијан Панев 7’ 11’ 16’ Филип Илиевски 11’ Игор Николовски 23’
# | Одиграни | Победи | Нерешени | Порази | ГД | ГП | +/- | Поени | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1 | Макпетрол | 17 | 16 | 0 | 1 | 109 | 35 | 73 | 48 |
2 | Матрикс | 17 | 15 | 1 | 1 | 131 | 50 | 81 | 46 |
3 | Ван Хоол | 17 | 14 | 3 | 0 | 88 | 40 | 48 | 45 |
4 | Џонсон Мети | 18 | 15 | 0 | 3 | 94 | 57 | 37 | 45 |
5 | Рамстор | 17 | 12 | 4 | 1 | 89 | 52 | 37 | 40 |
6 | ЈСП | 17 | 11 | 3 | 3 | 104 | 57 | 47 | 36 |
7 | Фабрика Карпош – ГИМ | 17 | 10 | 4 | 3 | 90 | 59 | 31 | 34 |
8 | Еуро Табак | 17 | 10 | 2 | 5 | 103 | 74 | 29 | 32 |
9 | Џоjсон Сејфти Системс | 17 | 9 | 4 | 4 | 87 | 71 | 16 | 31 |
10 | Лукоил | 17 | 10 | 1 | 6 | 98 | 98 | 0 | 31 |
11 | Гранит | 18 | 9 | 3 | 6 | 85 | 65 | 20 | 30 |
12 | А1 | 17 | 9 | 2 | 6 | 96 | 85 | 11 | 29 |
13 | Сава Осигурување | 18 | 9 | 2 | 7 | 87 | 75 | 12 | 29 |
14 | Македонски Телеком | 17 | 8 | 1 | 8 | 84 | 69 | 14 | 25 |
15 | ЕВН | 17 | 8 | 0 | 9 | 70 | 77 | -7 | 24 |
16 | ФК на Глуви Слобода | 19 | 7 | 3 | 9 | 71 | 83 | -12 | 24 |
17 | Аптив | 16 | 6 | 4 | 6 | 85 | 71 | 14 | 22 |
18 | Аџибадем Систина | 17 | 6 | 2 | 9 | 87 | 91 | -4 | 20 |
19 | Пекабеско | 17 | 5 | 2 | 10 | 74 | 95 | -21 | 17 |
20 | Окта | 19 | 5 | 1 | 13 | 62 | 83 | -21 | 16 |
21 | ЕЛЕМ | 19 | 5 | 0 | 14 | 60 | 101 | -41 | 15 |
22 | Уни Банка | 18 | 4 | 1 | 13 | 81 | 113 | -32 | 13 |
23 | Тиквеш | 15 | 3 | 1 | 11 | 64 | 105 | -39 | 10 |
24 | ЈП Водовод | 17 | 3 | 0 | 14 | 76 | 106 | -30 | 9 |
25 | МЕПСО | 19 | 2 | 1 | 16 | 55 | 101 | -46 | 7 |
26 | Уника | 18 | 1 | 1 | 16 | 32 | 146 | -114 | 4 |
27 | ТАВ | 17 | 0 | 2 | 15 | 49 | 118 | -69 | 2 |
Рамстор со одлично второ полувреме дојде до победа над А1
Првото полувреме од дуелот помеѓу А1 и Рамстор и припадна на екипата на А1 која уште на самиот старт ја превзема иницијативата и нападна со жестоки акции кон голот на Рамстор што вроди со плод со погодок во 4та минута и водство од 1-0. По оваа негатива екипата на Рамстор започна со пожестока игра со цел да дојде до израмнување, но екипата на А1 одлично ја постави својата игра во одбраната не остави многу простор за игра а преку контра напади успеа да казни во 9та и 12та за водство од 3-0 кое го задржа до полувремето. Во второто полувреме екипата на Рамстор започна со агресивна игра и за неполни две минути успеа да постигне 3 погодоци и да го израмни резултатот. Овие одлични воведни минути им дадоа дополнителен мотив па тргнаа уште пожестоко кон голот на А1 и со одлична игра го превземаа водството а минута во минута успеваа и да го зголемат за на крајот да извојуваат победа од 4-7.
Стрелци на головите беа:
А1: Мартин Тодоровски 9’ 12’ Иле Никодиновски 38’ Ненад Богдановиќ 4’
Рамстор: Енгин Мемеди 38’ Азрет Абаз 21’ Ибрахим Бекир 29’ Фуркан Муртезан 29’ Јахја Кадир 22’ 23’ 27’
Во израмнет натпревар Џонсон Мети славеше над Пекабеско
Првиот дел полувремето во дуелот помеѓу Пекабеско и Џонсон Мети и припадна на екипата на Пекабеско, голманот на екипата на Пекабеско Стојковски во 3та минута успеа да искористи кикс на одбраната на Џонсон Мети и од својата половина да постигне гол за водство од 1-0. По оваа негатива екипата на Џонсон мети се префрли на противничко поле ја превзеде иницијативата и вршеше постојан притисок на кој екипата на Пекабеско упеаваше да одолее до 17та минута кога Џонсон Мети со погодокот на Дејановскидојде до израмнување 1-1. До крајот на полувремето и двете екипи имаа одлични прилики да постигнат погодок но не успеаа да реализираат па на полувреме се замина со резултат од 1-1. Во второто полувреме екипата на Пекабеско успеа да постигне погодок и повторно да дојде до водство, следуваше брз одговор на екипата на Џонсон Мети и веќе следната минута имаше повторно израмнување. По ова се продолжи со жесток ритам на игра а целиот терен во рамките на фер плејот. Во таквата игра поснаодлива беше екипата на Џонсон Мети која го доби овој натпревар со 3-4.
Стрелци на головите беа:
Пекабеско: Столе Стојковски 3’ Мартин Чаловски 24’ Алвин Бачко 32’
Џонсон Мети: Бојан Дејановски 17’ Благојче Божиновски 25’ 34’ Љупче Стојановски 30’
Макпетрол со тимска игра дојде до победа над Гранит
Динамично прво полувреме ни прикажаа екипите на Гранит и Макпетрол, уште на самиот старт и двете екипи наметнаа висок ритам на игра и се редеа шанси за погодок и на двете страни. Екипата на Макпетрол со голот на Костенцовски успеа да го отвори резултатот за 0-1. По оваа негатива екипата на Гранит направи неколку промени во својот тим и започна со силен притисок кон голот на Макпетрол со цел да дојде до израмнување, но екипата на Макпетрол со одлично поставена игра во одбраната успеа да го сочува својот гол, а до крајот на полувремето и да го зголеми водството на 0-2. Во второто полувреме екипата на Макпетрол имаше целосна контрола врз играта и резултатот па уште на самиот старт успеа да ја зголеми предноста која многу умешно и покрај сите обиди на екипата на Гранит успеа да ја сочува до самиот крај. Екипата на Макпетрол со сигурна игра од минута во минута ја зголемуваше предноста за на крајот да го добие овој натпревар 1-7.
Стрелци на головите беа:
Гранит: Николче Глигуровски 36’
Макпетрол: Мишо Ѓоргиевски 23’ 32’ Бенер Бакиовски 38’ Марко Костенцовски 5’ Игор Стојковски 28’ Никола Секуловски 28’ Александар Мишоски 18’
ЈСП ја сочува предноста и славеше над Аџибадем Систина
Првиод дел од полувремето во дуелот помеѓу Аџибадем Систина и ЈСП помина во мирен ритам во кој екипите ги испитуваа силите на противникот, со повремени напади кон противничкиот гол соло акции и удари од далечина играчите се обидуваа да ја донесата својата екипа до предност. Како одминуваше времето екипата на ЈСП го засили темпото и започна со отворен стил на игра што и донесе погодок во 15та минута за водство од 0-1, а две минути подоцна и втор погодок за 0-2. Следуваше брз одгвор на екипата на Систина во 18та минута и намалување на водство на 1-2, сепак екипата на Систина немаше доволно сила да дојде до израмнување во ова полувреме па на паузата се замина со 1-2. Во второто полувреме се продолжи со висок ритам на игра и уште на самиот старт екипата на ЈСП успеа да постигне два погодоци и да се стекне со комотно водство. Сепак екипата на Систина со упорна игра од минута во минута ја топеше високата предност на ЈСП за до крајот да дојде до два гола негатива, но сепак немаше сила да стори нешто повеќе. Јсп го доби овој натпревар со 7-9.
Стрелци на головите беа:
Аџибадем Систина: Ивица Петров 40’ Кристијан Димовски 18’ 39’ 39’ 40’ Игор Ѓоргиевски 35’ Никола Трајковски 27’
ЈСП: Дејан Блажевски 17’ 22’ 35’ Велко Серафимов 28’ Љупчо Павловиќ 34’ 38’ Тихомир Фидановски 15’ 24’ 37’
Матрикс со одлична игра дојдоа до победа над ЕЛЕМ
Одличен старт за екипата на ЕЛЕМ во дуелот со Матрикс со погодокот на Бокан во 5та минута и водство од 0-1. По оваа негатива екипата на Матрикс го засили темпото на игра и се префрли на противничка половина вршејќи притисок за израмнување, што им успеа во 9та минута со голот на Богдановски за 1-1. Кон средината на полувремето односно 11та минута екипата на ЕЛЕМ повторно дојде до водство од 1-2, а ова водство следуваше брз одговор на екипата на Матрикс со голот на Даиловски и повторно израмнување на 2-2. До крајот на полувремето екипата на Матрикс успеа да искористи две грешки во одбраната на ЕЛЕМ да направи целосен резултатски пресврт и на паузата да замине со водство од 4-2. Второто полувреме во целост и припадна на екипата на Матрикс која со одлична игра во одбраната и нападот не дозволуваше ЕЛЕМ резултатски да им се приближи а со постојани ротации на играчи ја одржуваа свежината во тимот за постојано да го зголемува водството за конечна победа од 9-3.
Стрелци на головите беа:
Матрикс: Петре Даиловски 14’ 29’ 40’ Мирко Богески 20’ 37’ Антонио Богдановски 9’ Ивица Алампиоски 39’ Панче Дангев 19’ 25’
ЕЛЕМ: Александар Бокан 5’ Сенвет Реџепи 39’ Јован 11’
Број на дрес | Играч | Број на погодоци | Екипа | |
---|---|---|---|---|
Група А | ||||
1 | 9 | Филип Илиевски | 17 | Фабрика Карпош - ГИМ |
2 | / | Мартин Ливрински | 16 | ЈСП |
3 | 28 | Душан Спасеновски | 10 | ЕЛЕМ |
4 | 7 | Николче Глигуровски | 10 | Гранит |
5 | 10 | Дарко Симјановски | 10 | Стопанска Банка |
Група Б | ||||
1 | 9 | Марко Неделковски | 18 | Bestway Solution |
2 | 5 | Кристијан Димковски | 16 | Аџибадем Систина |
3 | 19 | Арбен Нухиу | 15 | УНИКА |
4 | 15 | Дамјан Петревски | 14 | Тиквеш |
5 | 7 | Бојан Петковски | 14 | Атлантик Груп |
Македонски Телеком со сигурна игра дојде до победа над Окта
Интересно првополувреме одиграа екипите на Македонски Телеком и Окта, екипата на Телеком уште на самиот старт ја превзеде иницијативата и се префрли на противничко поле и вршеше притисок кон голот на Окта тоа и донесе резултат во 10та минута со два постигнати погодоци и водство од 2-0. ПО ова екипата на Окта го засили темпото на игра и со сите сили се обиде резултатски да се врати во натпреварот а до полувремето успеа само да го намали водството на телеком на 2-1. На стартот на второто полувреме екипата на Телеком успеа да постигне уште два погодоци и да го зголеми водството на 4-1, оваа висока негатива екипатра на Окта се обиде да ја смали со промена на тактиката и внесуување на голман игра, но екипата на Телеком не дозволи изненадување и го доби натпреварот со високи 8-2.
Стрелци на головите беа:
Македонски Телеком: Стефан Наскоски 10’ Гоце Филипов 25’ 27’ Џенис Бекир 10’21’ 33’36’ Филип Колевски 29’
Окта: Драганчо Ѓоргиевски 36’ Иван Димитриевски 19’
Уни Банка со тимска игра дојде до победа над ТАВ
Израмнето прво полувреме со многу борба на секоја педа од теренот одиграа екипите на ТАВ и Уни Банка. Во воа прво полувреме и двете екипи имаа свои одлични периоди на игра, успеаваа да создадат шанси за погодок но покажаа слаба реализација. Играчите на двете екипи со соло акции и удари од далечина се обидуваа да го совладаат противничкиот голман но не успеаа во таа намера, мрежите останаа мирни а на полувреме се замина со 0-0. На стартот на второто полувреме екипата на Уни Банка со голот на Пецевски успеа да дојде до водство од 0-1. Следуваше брз одговор на екипата на ТАВ со погодок во 23та минута за израмнување на 1-1. Овие воведни погодоци го кренаа темпото на игра и почнаа да се редат шанси на двете страни Екипата на ТАВ со погодок во 28та минута успеа да реализира за пресврт од 1-2. По ова следуваше одличен преиод на игра за екипата на Уни Банка која до 37та минута успеа да постигне три погодоци за повторно водство од 2-4 конечен резултат на овој натпревар.
Стрелци на головите беа:
ТАВ: Мартин Арсовски 23’ 28’
Уни Банка: Ѓорѓи Пецевски 21’ Ивица Орозовски 29’ Ангел Петков 33’ Ненад Саздовски 37’
Сава Осигурување со силно прво полувреме ја осигура победата над Водовод
Одлично прво полувреме одиграа екипите на Водовод и Сава Осигурување, екипата на Сава Осигурување уште на самиот старт наметна високо темпо на игра се префрли на противничко поле вршејчи жесток притисок кон голот на Водовод што вроди со плод со двата гола на Илиевски во 7та и 9та минута за водство од 0-2. Екипата на Водовод по оваа негатива се обидуваше со чести промени на играчи да наметне свој стил на игра но не успеа во таа намера па екипата на Сава Осигурување на паузата замина со предност од 0-5. Во второто полувреме екипата на ВОдовод на сите можни начини се обидуваше да ја намали високата негатива но екипата на Сава Осигурување со одлично поставена игра во фаза на напад и одбрана имаше целосна контрола врз играта и резултатот не дозволи изненадување и го доби овој натпревар со 3-6
Стрелци на головите беа:
Водовод: Стефан Вангелски 39’ Авни Ајвази 26’ Столе Ивановски 35’
Сава Осигурување: Коста Глигуровски 19’ Трајче Илиевски 7’ 9’ 14’ 16’ Мирче Маринкович 23’
Ова коло се истакнаа следните поедници:
– Петре Даиловски (Матрикс) 3 гола
– Кристијан Панев (Ф. Карпош) 3 гола
– Џенис Бекир (Македонски Телеком) 4 гола
– Трајче Илиевски (Сава Осигурување) 4 гола
Allround играчи кои погодуваа во клучни моменти, асистираа до своите соиграчи кога беше најпотребно и допринесоа за подигање на моралот во екипата во ова коло беа:
Наум Бадаловски (ЕВН), Благојче Божиновски (Џонсон Мети), Кристијан Димковски (Аџибадем Систина), Мишо Ѓоргиовски (Макпетрол), Јахија Кадир (Рамстор), Дејан Блажевски (ЈСП), Тихомир Фидановски (ЈСП), Мирко Богески (Матрикс)
Екипа на колото: Макпетрол
Тренер на колото: Илчо Филипоски (Макпетрол)
Голман на колото: Антонио Петровски (Ван Хоол)