Осврт на осмото коло од Бизнис Лигата на Македонија

Во рамките на осмото коло беа одирани 13 прекрасни натпревари

Во првиот дуел Еуро Табак преку дуото Ливрински – Младеновски дојде до победа над Лукоил

Првата фаза од полувремето во дуелот помеѓу Лукоил и Еуро Табак и припадна на екипата на Еуро Табак која го започна овој натпревар со офанзивна игра што и донес епогодок во 6та минута за водство од 0-1. Во 10та минута екипата на Еуро Табак успеа да реализира еден контра напад за водство од 0-2, по оваа негатива екипата на Лукоил започна жесток притисок кон голот на Еуро Табак имаше фуриозни две минути во 12 и 13та минута кога успеа да постигне два прекрасни погодоци за израмнување на 2-2. До крајот на полувремето екипата на Еуро Табак имаше повеќе од играта постигна два погодоци и на полувреме замина со предност од 2-4. На старот на второто полувреме екипата на Лукоил изврши силен притисок и во 27та минута успеа да постигне погодок и да дојде до само гол негатива, веќе следната минута со голот на Стефанов екипата на Лукоил успеа да дојде до израмнување на 4-4. По ова следуваше одлична игра од екипата на Еуро Табак која со двата погодоци на денес расположениот за игра Младеновски успеа повторно да ја превземе предноста на 4-6 а до крајот Ливрински успеа да постигне уште еден погодок за Еуро Табак за победа од 4-7.

Стрелци на головите беа:
Лукоил: Дејан Зиков 11’ Лоренцо Николовски 27’ Васко Стефанов 28’ Антонио Фенов 13’
Еуро Табак: Дејан Младеновски 6’ 33’ 35’ Мартин Ливрински 10’ 18’ 40’ Дејан Јанкоски 16’

Саздовски со погодок во последната минута и донесе победа Ван Хоол во дуелот со Аптив

Одлично отварање на екипата на Аптив во дуелот со Ван Хоол со погодок уште во првата минута за водство од 0-1. По ова екипата на Ван Хоол вршеше силен притисок кон голот на Аптив, екипата на Аптив успеваше да одолее на овој притисок се до 16та минута кога Белчовски успеа да реализира за израмнување 1-1. До крајот на полувремето екипата на Ван Хоол успеа да да реализира и на паузата да замине со предност од 2-1. Во второто полувреме се продолжи со висок ритам на игра уште на самиот старт екипата на Ван Хоол успеа да постигне два погодоци за водство од 4-1. Сепак екипата на Аптив не се откажуваше лесно од овој натпревар па со сигурна игра од минута во минута ја топеше предносата за во 36та минута со голот на Трајковски дојде до израмнување 4-4 и да ја направи завршницата на овој натпревар интересна. Во ваквата завршница Саздовски успеа во последната минута да реализира за Ван Хоол и да и донесе победа на својата екипа од 5-4.

Стрелци на головите беа:
Ван Хоол: Даниел Стаменковски 25’ Филип Белчовски 16’ 24’ Христијан Павловски 20’ Ненад Саздовски 40’
Аптив: Александар Марковски 27’ Дамјан Хрдличка 35’ Иле Трајковски 36’ Кире Стаматовски 1‘

А1 во второто полувреме дојде до победа над Тиквеш

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Тиквеш и А1, и двете екипи влего претпазливо во овој натпревар со многу тактичка игра во првиот дел од полувремето ги одмеруваа силите. Како одминуваше времето двете екипи го засилија темпото на игра па почнаа да се редат шанси на двете страни, но во ова прво полувреме двете екипи покажаа слаба реализација па на пузата се замина со 0-0. На стартот од вториот дел екипата на А1 успеа да постигне погодок и го отвори резултатот на 0-1. По оваа негатива екипата на Тиквеш започна со поагресивна игра со цел да дојде до израмнување, таквата отворена игра остави простор во одбраната на Тиквеш што ја искористи екипата на А1 и со двата погодоци на Никодиновски успеа да стигне до водство од 0-3 и да ја запечати победата.

Стрелци на головите беа:
А1: Иле Никодиновски 36’ 36’ Мартин Ташкоски 22’

WP Data Tables

Искуството на Сава Осигурување и ја донесе победата во дуелот со ФК на глуви Слобода

Екипите на Сава Осигурување и Фк на глуви Слобода го започнаа натпреварот со акцент на игра во одбраната што резултираше со цврста одбрана без простор за отворени удари кон головите. Двете екипи воглавно преку контра напади доаѓаа до изгледни шанси за гол. На полувремето Сава Осигурување замина со минимална предност од 2-1. Во второто полувреме Сава Осигурување се префрли на противничко поле и со офанзивна игра успеа да го зголеми водството на 3-1. ФК на глуви Слобода се обидуваше преку колективна игра да фати резултатски приклучок, сепак екипата на Сава Осигурување го имаше искуството на своја страна па го доби овој натревар со 5-2.

Стрелци на головите беа:
Сава Осигурување: Јовица Марковски 26’ 36’ Данило Апостолски 9’ Александар Ѓошевски 19’ Коста Глигуроски 40′
ФК на глуви Слобода: Самир Чеховиќ 14’ Јасин Алими 37′

Ристов со погодок во последната минута му донесе победа на Џонсон Мети во дуелот со ЕВН

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Џонсон Мети и ЕВН, уште од самиот старт на натпреварот двете екипи со офанзивна игра притиснаа кон противничкиот гол. Прва до водство дојде екипата на Џонсон Мети која со погодок во 2та минута го отвори резултатот на 1-0. Екипата на ЕВН имаше брз одговор и во 5та минута успеа да го израмни резултатот на 1-1. По овие воведни минути свете екипи продолжија со високо темпо на ритам и играа гол за гол, сепак екипата на ЕВН беше таа која на паузата имаше предност од 3-4. Во второто полувреме екипата на Џонсон Мети започна со жесток притисок со цел да дојде до израмнување, но екипата на ЕВН одлично ја постави својата одбрана успеваше да одолее на нападите на Џонсон Мети се до 33та минута од натпреварот кога Божиновски успеа да постигне погодок за 4-4. Преостанатите минути од натпреварот беа вистинска драма, а во ваквата драматична завршница екипата на Џонсон Мети преку погодок на својот голман Ристов во последната минута дојде до бодовите. Крај 5-4

Стрелци на головите беа:
Џонон Мети: Бојан Дејановски 13’ 16’ Благојче Божиновски 2’ 33’ Бобан Ристов 40’
ЕВН: Наумче Бадаловски 16’ 19’ Томи Илиевски 5’ Ѓорѓи Поповски 11’

Рамстор и Гранит ги поделија бодовите

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Рамстор и гранит, уште на самиот старт двете екипи започнаа во напаѓачки стил на игра па почнаа да се редат и шанси на двете страни. Прва до водство дојде екипата на Рамстор во 6та минута, а неколку минути подоцна поточно во 9та минута со два погодоци едно по друго екипата на Гранит успеа да направи целосен резултатски пресврт. До крајот на полувремето екипата на Рамстор со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување но екипата на Гранит успеа да одолее на притисокот и на полувреме да замине со предност од 1-2. На стартот на второто полувреме екипата на гранит успеа да постигне погодок и да го зголеми водството на 1-3, ова беше знак за екипата на Рамстор да тргне уште поагресивно кон голот на Гранит за да дојде до израмнување. Тие успеаа во 31та минута да постигнат погодок за намалување на разликата а во 35та минута дојдоа и до израмнување. До крајот на натпреварот двете екипи имаа одлични шанси за погодок но ниту една не успеа во тоа па на крајот ги поделија бодовите со 3-3.

Стрелци на головите беа:
Рамстор: Фуркан Муртезан 6’ 31’ Азрет Абаз 35’
Гранит: Дарко Петров 9’ Николче Глигуровски 26’ Александар Димитровски 9’

Фидановски во голгетерско шоу го водеше ЈСП до победа над Пекабеско
Одличен старт за екипата на ЈСП во дуелот против Пекабеско со погодокот на Фидановски во 4та минута. По оваа негатива екипата на Пекабеско се префрли на противничко поле ја превзема иницијативата и вршеше притисок со цел да дојде до израмнување. Но екипата на ЈСП со одлично поставена игра во одбраната, а преку контра напади преку расположениот за игра Фидановски успеваше да казни со двата негови погодоци во 10та и 13та минута за водство од 3-0. До крајот на полувремето екипата на Пекабексо имаше неколку шанси да го намали водството но не успеа да реализира па на полувреме се замина со 3-0. На стартот на второто полувреме екипата на Пекабеско успеа да постигне погодок и да ја намали предноста на ЈСП, овој постигнат погодок им даде дополнителен мотив да тргна пожестоко па до 30та минута успеаа да дојдат до само гол негатива 4-3. До крајот на екипата на Пекабеско бркаше израмнување но не успеа во таа намаера па ЈСП го доби овој натпревар со 7-3.

Стрелци на головите беа:
ЈСП: Велко Серафимовски 36’ Сашо Георгиев 25’ Тихо Фидановски 4’ 10’ 13’ 37’ 40’
Пекабеско: Алвин Бачко 22’ Мартин Чаловски 26’ Ракип Ибраимов 30’

WP Data Tables

Во дербито на колото Макпетрол беа поуспешни од Матрикс

Дербито на колото го отворија екипите на Макпетрол и Матрикс, одлично отварање имаше екипата на Макпетрол која со погодокот на Секуловски во 3та минута успеа да дојде до водство од 1-0. По ова се продолжи во висок ритам на игра во кој екипата на Матрикс го имаше поседот на топката и бркаше израмнување а екипата на Макпетрол со одлично поставена одбрана се закануваше преку контра напади. До крајот на полувремето екипата на Макпетрол со двата одлични погодоци на Новаковски во 17та и 18та минута успеа да се стекне со комотно водство од 3-0 резултат со кој се замина на паузата. На стартот од вториот дел екипата на Матрикс успеа да постигне погодок, што и даде дополнителен мотив да тргне уште поагресивно кон голот на Макпетрол што вроди со плод во 27та минута и успеа да додје до само гол негатива. Веќе следната минута со голот на Костенцовски Макпетрол повторно се одвои на два гола предност, во 32та минута Богевски стрелаше за 4-3. Последните минути беа вистинска бркотница по теренот во која екипата на Матрикс не успеа да дојде до израмнување и покрај силниот притисок кон голот на Макпетрол, екипата на Макпетрол одолеа на притисокот и славеше со 4-3.

Стрелци на головите беа:
Макпетрол: Марко Костенцовски 28’ Никола Секуловски 3’ Горан Новакоски 17’ 18’
Матрикс: Петре Даиловски 27’ Дарко Цветковски 23’ Мирко Богески 32’

Аџибадем Систина беше на ниво на задачата во дуелот со Уника

Екипите на Уника и Аџибадем Систина одиграа натпревар во духот на фер плејот. Во текот на целиот натпревар се играше отворен фудбал и двете екипи играа колективно со контролиран напад. Екипата на Систина уште од самиот старт имаше предност и контрола врз натпреварот. Уника во текот на целиот натпревар се обидуваше да фати ритам но немаа своја вечер што им одеше во прилог на Систина која на полувремето водеше со 0-3 а на крајот го доби овој натпревар со високи 0-7

Стрелци на головите беа:
Аџибадем Систина: Кристијан Димковски 7’ 24’ 26’ Далибор Дамјановиќ 4’ 32’ Златко Бошковски 36’ Мирослав Неделковски 14’

Македонски Телеком со агресивна игра го совлада ЕЛЕМ

Екипата на ЕЛЕМ одлично го отвори натпреварот против екипата на Македонски Телеком со гол во 2та минута. Овој рано постигнат погодок беше знак за екипата на Телеком да го подигне темпото на игра и да започне со поагресивна игра и вршење притисок кон голот на ЕЛЕМ. Таквата игра и донесе погодок во 7та минута и израмнување на 1-1 а веќе во следната минута уште еден погодок за целосен резултатски пресврт. До крајот на полувремето двете екипи успеаа да постигнат по уште еден погодок па на полувремето заминаа со 2-3. Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ се обидуваше на сите можни начини да фати резултатски приклучок, но екипата на Телеком имаше целосна контрола врз играта и резултатот па го доби овој натпревар со 3-11.

Стрелци на головите беа:
ЕЛЕМ: Ристо Стефановски 2’ 40’ Ванчо Петковски 19’
Македонски Телеком: Михајло Лазаревски 8’ Роберт Попоски 37’ Стефан Наскоски 25’ 28’ 30’ Џенис Бекир 7’ 33’ 35’ 39’ 40’ Узунов Марко 16’

Во фер плеј натпревар Фабрика Карпош – ГИМ беа подобри од МЕПСО

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Фабрика Карпош – ГИМ и МЕПСО во кое преовладуваше фер плеј. Екипата на Фабрика Карпош уште на самиот старт ја превзеде иницијативата, се префрли на портивничка половина и вршеше силен притисок кон голот на МЕПСО што вроди со плод во 5та минута за водство од 1-0. До крајот на полувремето екипата на Фабрика Карпош имаше повеќе од играта и покрај обидите на МЕПСО па на паузата замина со предност од 3-1. Во второто полувреме екипата на Фабрика Карпош имаше целосна контрола врз играта и резултатот и заслужено го доби овој натпревар со 7-4.

Стрелци на головите беа:
Фабрика Карпош – ГИМ: Александар Божиков 8’ Кристијан Панев 18’ 28’ 37’ Филип Илиевски 5’ 33’ 39’
МЕПСО: Ѓоко Јанакиевски 35’ 37’ Слаѓан Ѓоргиевски 18’ 40’

Окта беа сигурни во дуелот со ТАВ

Екипата на Окта одлично го отвори натпреварот против екипата на ТАВ, па веќе во 8та минута имаше високо водсво од 4-0. Екипата на ТАВ на сите можни начини се обидуваше да се врати во игра, но екипата на Окта со одлична игра во сите сегменти не остави многу простор за игра за екипата на ТАВ па го доби полувремето со високи 6-0. Во второто полувреме екипата на ТАВ започна со агресивна игра обидувајќи се да ја намали високата негатива од првиот дел, но екипата на Окта со одлична игра во одбраната не дозволи изненадување а преку контра напади успеваше да казни за победа на овој натпревар од 11-2.

Стрелци на головите беа:
Окта: Драганчо Стојановски 2’ 39’ Славчо Стојковски 30’ Драганчо Ѓорѓиевски 20’ Наум Костовски 6’ 26’ Иван Димитриевски 4’ 12’ Јасмин Личина 8’ 27’ 40’
ТАВ: Тодорче Насковски 30’ 33’

Во драматична завршница Водовод дојдоа до победа над Уни Банка

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Уни Банка и Водовод, прва до предност дојде екипата на Водовод со погодокот на Ајвази во 4та минута. Екипата на Уни Банка за кратко време се врати од овој шок па со погодокот на Пецевски во 8та минута дојде до израмнување. Кон средината на полувремето поточно во 14та минута екипата на Водовод успеа да реализира еден контра напад и со голот на Вангелски да дојде повторно до предност од 1-2. Во 16та минута Пецевски успеа да освои една топка и со одлична транзиција во нападот да постигне ефектен гол и да дојде до израмнување на 2-2 резултат со кој се замина на полувремето. На стартот на второто полувреме екипата на Водовод успеа да постигне погодок и да го превземе водството, по оваа негатива екипата на Уни Банка започна со поагресивна игра и вршеше жесток притисок кон голот на Водовод, а екипата на Водовод успеваше да додолее се до 31та минута кога Саздовски стрелаше за израмнување на 3-3. Последните минути од натпреварот беа вистинска драма во која и двете екипи имаа одлични прилики но сепак на крајот екипата на Водовод имаше повеќе од играта па со резултат од 3-4 го зема целиот плен.

Стрелци на головите беа:
Уни Банка: Ѓорѓи Пецевски 8’ 16’ Ненад Саздовски 31’
Водовод: Стефан Вангелски 14’ Авни Ајвази 4’ Арслан Бејта 22’ 39’

Ова коло се истакнаа следните поедници:

– Тихо Фидановски (ЈСП) 5 гола
– Џенис Бекир (Македонски Телеком) 5 гола
– Кристијан Панев (Фабрика Карпош) 3 гола
– Дејан Младеновски (Еуро Табак) 3 гола

Allround играчи кои погодуваа во клучни моменти, асистираа до своите соиграчи кога беше најпотребно и допринесоа за подигање на моралот во екипата во ова коло беа:
Мартин Ливрински (Еуро Табак), Горан Наскоски (Макпетрол), Кристијан Димковски (Аџибадем Систина), Бојан Дејановски (Џонсон Мети), Иле Никодиновски (А1), Филип Белчовски (Ван Хоол), Филип Илиевски (Фабрика Карпош), Драганче Стојановски (Окта), Јасмин Личина (Окта), Ѓорѓи Пецевски (Уни Банка)

Екипа на колото: Џонсон Мети
Тренер на колото: Христијан Стојановски (Џонсон Мети)
Голман на колото: Синиша Танушевски (Макпетрол)