Осврт на десетото коло од Бизнис Лигата на Македонија

Во рамките на десетото коло од Бизнис Лигата на Македонија беа одиграни 11 возбудливи натпревари

А1 ја сочува предноста од првото полувреме и славеше над Еуро Табак

Десетото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на Еуро Табак и А1, одличен старт имаше екипата на А1 која го постигна најбрзиот гол во досегашниот дел од Бизнис Лигата преку Никодиноски за 0-1. Следуваше брз одговор на екипата на Еуро Табак со погодокот на Ливрински и израмнување на 1-1. По овие воведни погодоци следуваше жестока борба а се радеа шанси на двете страни. При крајот на полувремето поточно во 17та минута екипата на А1 со голот на Ангеловски успеа повторно да го превземе водството на 1-2 а до паузата А1 успеаа да постигнат уште три погодоци за сигурно водство од 1-5 на полувремето. Во второто полувреме екипата на Еуро Табак се префрли на противничка половина и од минута во минута ја топеше предноста на А1. Сепак екипата на А1 со цврста одбрана не дозволи изненадување и го доби овој натпревар со 5-6.

Стрелци на головите беа:
Еуро Табак: Мартин Ливрински 3’ 26’ 38’ 39’ Дејан Јанковски 23’
А1: Мартин Ангеловски 17’ Мартин Тодоровски 20’ Иле Никодиновски 1’ 18’ 37’ Ненад Богдановиќ 19’

Џонсон Мети со пресврт во второто полувреме до победа над Џојсон Сејфти Системс

Динамично прво полувреме одиграа екипите на Џонсон Мети и Џојсон Сејфти Системс, и двете едкипи во воведниот дел од натпреварот беа повнимателни и фокус ставија на дефанзивата. Како одминуваше времето се згоемуваше темпото на игра и екипите почнаа со напаѓачки стил на игра што ведна вроди со плод за екипата на Џојсон Сејфти која во 13та и 14та минута постигна голови на за 0-2. До крајот на полувремето екипата на Џонсон Мети вршеше притисок со цел да дојде до израмнување но екипата на Џојсон Сејфти Системс одлично ја постави играта во одбарана не дозволи изненадување па на полувреме замина со предност од 0-2. На стартот на второто полувреме екипата на Џонсон Мети исзврши силен притисок кон голот на противникот и со голови во 23та и 24та минута успеа да дојде до израмнување. Неколку минути подоцна односно 28та минута со голот на Божиновски Џонсон Мети успеа да направи целосен резултатски пресврт но следуваше брз одговор во 29та минута со голот на Стојковски и израмнување на 3-3. По ова ледуваше преиод на доминантна игра на екипата на Џонсон Мети што се одрази и на конечниот резултат и победата на Џонсон Мети со 7-3.

Стрелци на головите беа:
Џонсонс Мети: Александар Недев 38’ Бојан Дејановски 24’ Благојче Божиновски 28’ Бране Стојановски 34’ Љупче Стојановски 33’ Мартин Николоски 22’ Бобан Ристов 33’
Џојсон Сејфти Системс: Марко Димоски 13’ 14’ Живко Стојкоски 29’

Во неизвесен натпревар Лукоил и Гранит ги поделија бодовите

Возбудливо прво полувреме одиграа екипите на Лукоил и Гранит, екипата на гранит имаше одличен старт со погодокот на својот голман во 5та минута и предност од 0-1. Екипата на Лукоил со голот на Зиков од пенал во 9та минута успеа да дојде до израмнвуање. До крајот на полувремето екипата на Лукоил имаше повеќе од играта и заслужено на полувреме замина со 4-2. Во второто полувреме се продолжи во висок ритам на игра и со многу интересен фудбал во кој екипата на Гранит ја имаше улогата на екипа која го брка резултатот. Со упорна игра од минута во минута ја топеше предноста на екипата на Лукоил за во 36та минута да дојде до само гол негатива и да ја направи завршницата на овој натпревар вистинска драма. Во ваквата драматична завршница екипата на Гранит успеа да го израмни резултатот и екипите да ги поделат бодовите на резултат од 6-6.

Стрелци на головите беа:
Лукоил: Дејан Зиков 9’ 18’ Мартин Алаѓозовски 20’ 21’ Гоце Мојсоски 12’ 29’
Гранит: Стефан Тевдовски 32’ Дарко Петров 19’ Пепи Мицев 36’ Николче Глигуровски 29’ Александар Димитровски 5’ 39’

WP Data Tables

ФК на глуви Слобода со тимска игра до победа над Окта

Израмнето прво плувреме одиграа екипите на Окта и ФК на глуви Слобда, прва во водство дојде екипата на Слобода со голот на Алими во 8та минута. Кон средината на полувремето екипата на Окта со погодоците на Личина и Стојковски успеа да направи целосен резултатски пресврт. Дo крајот на полувремето екипата на Слобода успеа да постигне погодок за 2-2 резултат со кој се замина на полувреме. На стартот на второто полувреме екипата на Слобода успеа да постигне погодок и повторно да го превземе водството на 2-3. По оваа негатива екипата на Окта со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување но екипата на Слобода со одлична игра во фаза на напад и одбрана не дозволи многу простор за игра и заслужено го доби овој натпревар со 2-5.

Стрелци на головите беа:
Окта: Шеќо Личина 14’ Славчо Стојковски 15’
ФК на глуви Слобода: Милош Наумовски 35’ Сатула Алими 26’ Јасин Алими 8’ 17’ Ибо Шакиров 22’

Уника со кратката клупа не можеше да парира на ЕВН во второто полувреме

Првиот дел од полувремето одмина во мирен ритам без многу шанси за погодок на двете страни. Двете екипи влегоа доста резервирано во овој натпревар и беа многу внимателни во фаза на одбрана. Како одминуваше времето се засили темпото на игра а екипата на Уника во 15та минута од натпреварот успеа да искористи еден контра напад и да го отвори резултатот на 1-0. По ова екипата на ЕВН започна со пагресивна игра и вршеше силен притисок кон голот на Уника со цел да дојде до израмнување. До крајот на полувремето екипата на Уника успеа да одолее на притисокот и да го добие ова полувреме со 1-0. На стартот на второто полувреме екипата на ЕВН ја започна својата препознатлива игра што веднаш вроди со плод со двата погодоци на Новобрдалија за целосен пресврт од 1-2. Ова и даде дополнителен мотив на екипата на ЕВН да продолжи со жестоки напади кон голот на Уника и од минута во минута да го зголемува водството за конечна победа од 1-6.

Стрелци на головите беа:
Уника: Никола Атанасов 15’
ЕВН: Виктор Валканчев 25’ Ајет Новобрдалија 22’ 22’ Бојан СИмоновски 26’ Бојан Маџовски 37’ 39’

Рамстор ја продолжи победничката серија во дуелот со Македонски Телеком

Одличен старт на екипата на Рамстор во дуелот со Македонски Телеком со погодокот на Муртезан во 2та минута. Експресно одговори екипата на Телеком со погодокот на Филипов во 3та минута и израмнување на 1-1. Како одминуваше времето екипата на Рамстор ја превземаше иницијативата и вршеше притисок кон голот на Телеком што резултираше со погодоци во 11та и 16та минута за водство до 3-1. До крајот на полувремето имаше неколку можности за Телеком да ја намали негативата но не успеа во таа намера па на паузата се замина со резултат од 3-1. Во второто полувреме се продолжи во високо темпо на игра во кое екипата на Телеком бркаше израмнување а екипата на Рамстор доста умешно го чуваше својот гол. Екипата на Телеком успеваше да креира одлични шанси за погодок но имаше слаба реализација што екипата на Рамстор го казни и го доби овој натпревар со 5-3.

Стрелци на головите беа:
Рамстор: Азрет Абаз 40’ Авни Воша 11’ 16’ Фуркан Муртезан 2’ 28’
Македонски Телеком: Гоце Филипов 3’ Даниел Анчевски 39’ Марко Магденовски 40’

WP Data Tables

Фабрика Карпош – ГИМ преку расположениот Божиков до сигурна победа над Пекабеско

Одличен старт за екипата на Пекабеско во дуелот со Фабрика Карпош – ГИМ, тие со погодок уште во првата минута го превземаа водството на 0-1. Екипата на Фабрика Карпош имаше брз одговор преку Божиков па во осмата минута веќе имаше целосен пресврт и водство од 3-1. До крајот на полувремето двете екипи постигнаа уште по еден гол и на паузата се замина со 4-2. Во второто полувреме екипата на Пекабеско се обидуваше резултатски да се врати во натпреварот но екипата на Фабрика Карпош – ГИМ беше сигурна во одбраната а преку денес расположениот Божиков казнуваше за убедлива победа од 8-3.

Стрелци на головите беа:
Фабрика Карпош – ГИМ: Александар Божиков 4’ 8’ 8’ 16’ 26’ 32’ Тони Котев 22’ Кристијан Панев 40’
Пекабеско: Мартин Чаловски 1’ Алвин Бачко 10’ Александар Спасовски 39’

Макпетрол беа сигурни во дуелот со ТАВ

Динамеично прво полувреме одиграа екипите на Макпетрол и ТАВ, уште на самиот старт екипата на Макпетрол започна со својата препознатлива игра и ја превзеде иницијативата во овој натпревар. Оваквиот развој на настаните и донесе предност во 10та минута со голот на Костенцовски. Екипата на ТАВ со голман играч во фаза на напад се овидуваше да створи вишок на теренот со цел да дојде до израмнување, но екипата на Макпетрол не остави простор за игра а преку контра напад во 15та минута успеа да казни за 2-0 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на ТАВ со сите сили се обидуваше да фати резултатски приклучок но екипата на Макпетрол со одлично поставена игра во фаза на напад и одбрана имаше целосна контрола врз играта и резултатот и го доби овој натпревар со 7-2.

Стрелци на головите беа:
Макпетрол: Марко Костенцовски 10’ 26’ 36’ Александар Мишоски 32’ 40’ Горан Новакоски 15’ 25’
ТАВ: Амар Мемиси 30’ Тодорче Насковски 29’

Трајче Илиевски со погодок во последната минута ја осигура победата на Сава Осигурвање во дуелот со Аџибадем Систина

Екипите на Сава Осигурување и Аџибадем Систина одиграа натпревар полн со пресврти кој беше неизвесен до самиот крај. Првото полувреме екипата на Сава Осигурување играше отворен фудбал во висок ритам со што успеваа да дојдат до изгледни шанси за гол кои ги реализираа. Екипата на Аџибадем Систина не се снајде најдобро во ваквата игра па го загуби полувремето со 3-1. Во второто полувреме екипата на Аџибадем Систина направи промена во тактиката па со голман играч успеа да створи вишок во нападот што вроди со плод и од минута во минута ја топеше предноста на Сава Осигурување се до 34та минута кога успеаа да дојдат до израмнување на резултатот од 5-5 со што се влезе во егал завршница. Во ваквата завршница екипата на Аџибадем Систина направи грешка во одбраната што ја искористи Трајче Илиевски и со погодок во последните секунди од натпреварот на својата екипа и ја донесе победата со резултат од 6-5.

Стрелци на головите беа:
Сава Осигурување: Данило Поповски 12’ 13’ Јовица Марковски 30’ Коста Глигуровски 2’ 33’ Трајче Илиевски 40’
Аџибадем Систина: Кристијан Димковски Митковски 25’ 34’ Далибор Дамјановиќ 8’ 26’ Влатко Кузмановски 21’

Ајвази со хет-трик му донесе победа на Водовод над ЕЛЕМ

Крајно израмнето прво полувреме одиграа екипите на ЕЛЕМ и Водовод во текот на целото прво полувреме се играше егал. Прва до водство дојде екипата на Водовод која за неполни две минути го зголеми водството на 0-2, по што следеше офанзивва на ЕЛЕМ со која успеаа да го израмнат резултатот на 2-2. Но екипата на Водовод успеа полувремето да го заврши со резултат во своја полза од 2-3. Во второто полувреме екипата на Водовод со чести измени играше во висок ритам на игра па од минута во минута го зголемуваше водството. Екипата на ЕЛЕМ со краток ростер не успеа да парира на ваквиот ритам на игра на екипата на Водовод па го загуби овој натпревар со 4-8.

Стрелци на головите беа:
ЕЛЕМ: Златко Станковски 6’ 8’ 40’ Јован Тодоров 37’
Водовод: Стефан Вангелски 26’ Бесим Муслиу 4’ Авни Ајвази 1’ 28’ 40’ Јакуп Зекири 11’ Столе Ивановски 25’ 40’

Публиката како шести играч кај Уни Банка во победата над МЕПСО

Уни Банка максимално мотивирана со одлична тактика и пристап влезе во дуелот со МЕПСО. Ваквата сериозност уште на самиот старт вроди со плод, па во 6та минута ти веќе имаа водство од 1-0. Екипата на МЕПСО немаше своја вечер и одговор за вака расположената Уни Банка па на полувремето се замина со резутатот од 6та минута 1-0. Во второто полувреме екипата на Уни Банка го подигна нивото на играта во одбраната што резултираше со брзи контри во нападот од кои најчесто завршуваа со одлична реализација. Од тука и високиот резултат на крајот на натпреварот од 5-0. Мора да напоменеме дека одличната публика беше шести играч во тимот на Уни Банка и истата ги мотивираше да ја остварат оваа висока победа.

Стрелци на головите беа:
Уни Банка: Ѓорѓи Пецевски 26’ Ивица Орозовски 30’ Ангел Петков 6’ Ненад Садовски 21’ 39’

Ова коло се истакнаа следните поедници:

– Александар Божиков (Фарбика Карпош – ГИМ) 6 гола
– Марко Костенцовски (Макпетрол) 4 гола
– Авни Ајвази (Водовод) 3 гола
– Јасин Алими (ФК на глуви Слобода) 2 гола

Allround играчи кои погодуваа во клучни моменти, асистираа до своите соиграчи кога беше најпотребно и допринесоа за подигање на моралот во екипата во ова коло беа:
Александар Мишовки (Макпетрол), Горан Новаковски (Макпетрол), Фуркан Муртезан (Рамстор), Коста Глигуровски (Сава Осигурување), Данило Поповски (Сава Осигурување), Златко Станковски (ЕЛЕМ), Ајет Новобрдалија (ЕВН), Иле Никодиновски (А1), Ненад Богдановиќ (А1), Мартин Алаѓозовски (Лукоил), Авни Воша (Рамстор), Ненад Саздовски (Уни Банка)

Екипа на колото: ЕВН
Тренер на колото: Драги Стојанов (ЕВН)
Голман на колото: Милош Наумовски (ФК на глуви Слобда)