LC Waikiki и Вип одиграа реми натпревар

LC Waikiki 3-3(1-2) Вип

LC Waikiki: Едит Салковиќ 11′ Армин Дрпљанин 37′ Иљаз Ајдини 29′
Вип: Никола Спасевски 8′ 25′ Бобан Несторовски 9′

Екипата на Вип овогодинешната сезона ја отвори против новакот во Бизнис Лигата екипата на Ваикики. Вип успеа уште во раната фаза од натпреварот преку Спасевски во 8та минута да дојде до водство кое Несторовски за нецела минута го претвори во 2-0. LC Waikiki успеа да ги консолидира своите редови и преку Салковиќ во 11та минута успеа да намали на 2-1, резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме бевме сведоци на крајно израмнет натпревар се играше брз и отворен фудбал и на двете страни иако екипата на Вип го контролираше натпреваор со гол предност. LC Waikiki во самиот финиш успеа да постигне погодок за изедначување на 3-3 што беше доволно за делба на бодовите.