Атлантик Груп 7-5(2-3) С.Ц. Борис Трајковски
Атлантик Груп: Мирослав Тодоровски 20’ Далибор Тасевски 30’ 38’ Љупчо Павковиќ 2’ Бојан Петковски 29’ 31’ 40’
С.Ц. Борис Трајковски: Дарко Филимановски 16’ 18’ Јован Дiмовски 24’ 27’ Горан Андоновски 4’
Одличен почеток за екипата на Атлантик Груп во дуелот со С.Ц. Борис Трајковски, тие уште во втората минута со погодокот на Павковиќ успеаа да го изненадат противникот. Сепак екипата на С.Ц. Борис Трајковски имаше брз одговор и само две минути подоцна преку Андоновски успеаа да израмнат на 1-1. Екипата на С.Ц. Борис Трајковски продолжи со одлична игра и два погодоци на Филимановски во низа успеа да зголеми на 1-3. Сепак во последната минута од полувремето екипата на Атлантик успеа да намали на 2-3 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме се продолжи со цврста игра и на двете страни, екипата на С.Ц. Борис Трајковски со погодоците на Димовски во 24та и 27та минута успеа да дојде до предност од 2-5. Екипата на Атлантик Груп успеа да ги консолидира своите редови и кон средината на полувремето успеа да дојде до израмнување од 5-5 што ја направи завршницата на овој натпревар вистинска драма. Во ваквата драматична завршница екипата на Атлантик Груп успеа да собере сили за целосен резултатски пресврт и победа во овој дуел со резултат од 7-5.