Фабрика Карпош – ГИМ не дозволи изненадување и славеше над ЈСП

Фабрика Карпош – ГИМ 6-3(2-0) ЈСП
Фабрика Карпош – ГИМ: Филип Илиевски 4” 13” 27’ Георги Божиков 21’ 31’ Виктор Јовановски 33’
ЈСП : Филип Колеќески 29’ 30’ Мартин Ливрински 23’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Фабрика Карпош – ГИМ и ЈСП, двете екипи во овој натпревар влегоа силно мотивирани со акцент ставен на офанзивната игра. Екипата на Фабрика Карпош – ГИМ прва го отвори натпреварот уште во раната фаза со погодокот на Илиевски во 4та минута и поведе со 1-0. Екипата на ЈСП по оваа негатива притисна во предно поле и често се закануваше кон голот на противникот, но Фабрика Карпош – ГИМ одлично ја постави својата одбрана и со голманот Јоноски не дозволи лесни погодоци. Фабрика Карпош – ГИМ ја казни слабата реализација на ЈСП па Илиевски со вториот погодок успеа да зголеми предноста на 2-0 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Фабрика Карпош – ГИМ продолжи со одлична игра и зголемување на предноста, екипата на ЈСП во втората половина од полувремето успеа да ги консолидира своите редови и започна да ја топи резултатската предност на противникот и успеа да дојде до само еден гол негатива и резултат од 4-3 што ја направи завршницата на овој натпревар вистинска драма. Во ваквата драматична завршница екипата на Фабрика Карпош – ГИМ не дозволи екипата на ЈСП да дојде до целосен пресврт, а со брзи контра напади Фабрика Карпош – ГИМ ја осигура победата со резултат од 6-3.