Ван Хоол 5-2(2-2) ЈСП
Ван Хоол: Даниел Стаменковски 7’ 29’ 35’ 39’ Ненад Саздовски 9’
ЈСП: Гоце Крстевски 6’ Азем Бучи 4’
Бевме сведоци на крајно израмнето прво полувреме кое го одиграа екипите на Ван Хоол и ЈСП, уште на самиот старт и двете екипи влегоа мошне мотивирано оставајчи го срцето на терен. Се играше доста цврста одбрана па и двете екипи не дозволуваа да се дојде до лесен и отворен шут кон голот, во ваквата игра ЈСП и Ван Хоол успеаа да постигнат по два гола и на паузата да заминат со израмнет резултат. Во второто полувреме екипата на Ван Хоол успеа да ја изкористи кратката клупа на ЈСП и играчот помалце во ротација кој го имаа, играа пресинг по целиот терен што вроди со плод па на крајот успеаа да слават со победа од 5-2.