Во дерби натпревар кој ескалираше со пенал завршница Лукоил подобар од Рамстор за влез во големото финале

Лукоил 1-1(0-1) Рамстор (5-4 по пеналите)

Лукоил: Иван Стојчев 25’
Рамстор: Ибрахим Бекир 6’

Ф4 фазата и борбата за тронот започна со натпревар во кој силите ги одмерија екипата на Лукоил и Рамстор. Уште на самиот старт се двете екипи влегоа со максимално сериозен пристап и најавија дерби натпревар. Екипата на Рамстор натпреварот го започна максимално мотивирано со пресинг игра по цел терен со што успеа да го иненади Лукоил и во 6та минута преку Ибрахим Бекир да поведе со 0-1. Екипата на Лукоил се обидуваше да се врати во натпреварот но во нивната игра беше воочлива нервозата и притисокот. Во продолжение на полувремето се играше доста тензично на ивица на фаул впрочем како што доликува на еден полуфинален натпревар. Екипата на Рамстор со добро поставена тактика успеа да се одбрани и на полувремето да замине со предност од 0-1. Второто полувреме започна во ист ритам и двете екипи играа многу пожртвувано оставајќи го срцето на терен, во 25та минута од натпреварот екипата на Лукоил преку добро изработен напад кој го реализираше Иван Стојчев успеа да израмни на 1-1. По овој погодок и двете екипи играа доста затворен фудбал не двајќи му на противникот да има отворени шанси за гол како би можел да направи изненадување. Во ваквата игра ниту една од екипите не успеа да реализира па со резултат од 1-1 се влезе во пенал завршница. По изведувањето на пеналите среќата беше на страната на екипата на Лукоил кој славеше со 5-4 по пеналите.