Окта 3-7(2-3) Лукоил
Окта: Иван Димитриевски 7”, Александар Јофчевски 19” 38”
Лукоил: Лоренцо Николоски 13” 20”, Александар Георгиевски 17” 21”, Горан Стојанов 23”, Петар Лефков 28” 32”
Нафташкото дерби го отвори екипата на Окта во раната фаза од натпреварот по грешка во одбраната на Лукоил кога Димитриевски 7” успеа да и донесе водство на Окта од 1-0. По овој гол екипата на Лукоил успеа да возврати и го израмни резултатот на 1-1. И двете екипи играа отворен фудбал се до крајот на првото полувреме кога Лукоил направи целосен пресврт и замина на полувремето со еден гол предност, резултат 2-3.
Во второто полувреме екипата на Лукоил со чести измени наметна висок ритам преку кој успеа да го скрши отпорот на Окта. Окта се обидуваше да фати ритам како би мoжела да го прати темпото на Лукоил, но Лукоил не го дозволи тоа па на крајот славеше со 3-7.