Во цврст натпревар ЕЛЕМ и Фабрика Карпош – ГИМ ги поделија бодовите

ЕЛЕМ 2-2(2-2) Фабрика Карпош – ГИМ

ЕЛЕМ: Лирдон Кадриу 4’ 13’
Фабрика Карпош – ГИМ: Лазар Божиновски 17’ Јован Јанковски 20′

Петтото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на ЕЛЕМ и Фабрика Карпош – ГИМ, двете екипи влегоа во ова полувреме со цврста и офанзивна игра. Екипата на ЕЛЕМ го отвори резултатот во 4та минута од полувремето со погодокот на Кадриу за 1-0, по ова рано водство екипата на Фабрика Карпош – ГИМ го подигна темпото на игра и притисна во предно поле со цел да дојде израмнување. Ваквата отворена игра ја искористи екипата на ЕЛЕМ за со брз контра напад успее да го зголеми водството на 2-0. Во втората половина од полувремето екипата на Фабрика Карпош – ГИМ успеа да ги консолидира своите редови и преку Божиновски успеа да намали на 2-1. Ова дополнително ја мотивира екипата на Фабрика Карпош која преку Јанковски во последната минута од полувремето успеа да израмни на 2-2 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме двете екипи продолжија со одлично темпо на игра, често успеваа да дојдат до изгледна шанса за погодок но голманите вечерва беа на ниво на задачата. Екипата на Фабрика Карпош – ГИМ во финишот од натпреварот се обиде со голман играч да изврши силен притисок со цел да дојде до бодовите во овој натпревар но ЕЛЕМ успеа да го изржи притисокот па на крајот од овој натпревар екипите ги поделија бодовите со резултат од 2-2.