ЕВН 2-2(1-2) ЈСП
ЕВН: Ајет Новобрдалија 7”, Вилијам Миев 39”
ЈСП: Тихо Фидановски 5” 10”
Првиот натпревар од шестото коло во групата А го отворија екипите на ЈСП и ЕВН. И двете екипи во овој натпревар влегоа со максимално сериозен пристап, се играше човек на човек на двете страни. Прва до водство дојде екипата на ЈСП преку Фидановски 5”. Екипата на ЕВН по нецели две минути успеа да возврати и преку Новобрдалија 7” да израмни на 1-1. Тренерот на ЈСП во тие моменти побара тајм-аут и постави тактика која вроди со плод во 10” кога Фидановски зголеми на 1-2. Во понатамошниот дел од полувремето и двете екипи играа цврста одбрана успешно затварајќи ги сите приоди кон сопствениот гол, па на полувремето се отиде со резултат од 1-2.
Во второто полувреме и двете екипи продолжија со цврста одбрана, што и на двете страни го отежнуваше добро организираниот напад. Екипата на ЕВН во завршната фаза од полувремето внесе во својте редови голман-играч како би можела да го израмни резултатот. Ова им појде од рака во самиот финиш, 39”, кога преку Митев успеаа да израмнат на 2-2, резултат со кој заврш овој натпревар.