Матрикс 2-3(2-1) ЕЛЕМ
Матрикс: Драган Брњарчевски 16’ Мирко Богески 11’
ЕЛЕМ: Александар Аврамовски 21’ Роберт Здравковски 2’ Тихо Груевски 38′
Дуелот помеќу екипите на Матрикс и ЕЛЕМ уште на самиот старт започна многу фуриозно со цврста игра и на двете страни по што можевме да заклучиме дека следи дерби натпревар. Во раната фаза од натпреварот екипата на ЕЛЕМ дојде до водство преку погодокот на Здравковски во 2та минута по што ЕЛЕМ заигра дефанзивно затварајќи ги сите приоди кон својот гол, но во втората половина од полувремето кај Матрикс проработена Богески и Брњарчевски кои за неполни 3 минути успеаа да дадат два гола и со целосен пресврт го однесо Матрикс на паузата со предност од 2-1. Во второто полувреме ЕЛЕМ на самиот старт преку Аврамовски успеа да израмни на 2-2. Овој гол на ЕЛЕМ му даде мотив за игра и ветер во грб. Екипата на Матрикс се обидуваше преку својата препознатлива игра да дојде до водство но ЕЛЕМ во своите редови го имаше расположениот Радески кој беше вистинска сензација на голот на ЕЛЕМ. Во самиот финиш по грешка во додавањето на Матрикс Груевски му донесе водство на ЕЛЕМ од 2-3, во ваквата ситуација екипата на Матрикс напаѓаше во предно поле по што постигна гол и израмни на 3-3. Постигнатиот гол беше спорен и судиите Стефков и Димитриевиќ по преглед на снимката одлучија да го поништат голот а по неполни 10 секуни ЕЛЕМ остана со играч помалце. Екипата на Матрикс имаше 15 секуни да реализира, но ЕЛЕМ лавовски се бореше не дозволи изненадување и го доби овој натпревар со 3-2.