Лукоил 12-6(6-3) Џонсон Мети
Лукоил: Марјан Цветковски 9’ 27’ Горан Стојанов 3’ 27’ Иван Стојчев 11’ 15’ 23’ 29’30’ Лоренцо Николовски 6’ Александар Ѓоршиевски 12’ 33’
Џонсон Мети: Љупчо Стојановски 28’ Христијан Стојановски 16’ 19’ Никола Николовски 37’ 40’ Стефан Јовановски 2’
Одличен старт за екипата на Џонсон Мети во дуелот со Лукоил тие уште на самиот старт во 2та минута успеа да дојдат до предност од 0-1. По ова рано водство на екипата на Лукоил ги консолидира своите редови и до 9тата минута успеа да дојде до целосен резултатски пресврт со 3-1. Во остатокот од полувремето екипата на Лукоил ја контролираше играта на теренот што на паузата им донесе позитивен резултат од 6-3. Во второто полувреме екипата на Џонсон Мети притисна кон противничкиот гол, но Лукоил одлично ја имаше поставено својата одбрана а преку брзи контра напади го зголемуваше водството. Во финишот од натпреварот предноста која ја имаше Лукоил беше преголема за екипата на Џонсон Мети да може да ја достигне па го загубија овој натпревар со 12-6.