Лукоил со победа над Ван Хоол го задржа приматот на непоразен

Ван Хоол 3-5(2-2) Лукоил

Ван Хоол: Филип Никодиновски 18’ Стефан Стојановиќ 12’ 36’
Лукоил: Марјан Цветковски 10’ Гоце Мојсоски 31’ Лоренцо Николовски 28’ Александар Ѓорѓиевски 10’ 24’

Уште на самиот старт екипите на Ван Хоол и Лукоил влегоа максимално мотивирано најавувајќи дерби натпревар. Екипата на Лукоил играше за нијанса поофанзивен фудбал со Цветановски на голот како голман играч оваа тактика вроди со плод со два погодоци во раната фаза од натпреварот. Екипата на Ван Хоол ја појача одбраната во предно поле со што го принуди Лукоил да направи грешка со која Ван Хоол успеа да намали на 1-2. Во остатокот од полувремето екипата на Ван Хоол продолжи во ист ритам и успеа да израмни на 2-2 резултат со кој се замина на паузата. Во второт полувреме екипата на Лукоил успеа да наметне свој ритам и да игра долги и контролирани напади, со ваквата игра преку овие напади го чекаше падот на концентрацијата кај екипата на Ван Хоол и успеа да го врати водството. Ван Хоол се обиде со да се врати во натпреварот но искусниот Лукоил не го дозволи тоа го зголеми вдоството на 3-5 водство со кое стави крај на овој натпревар.