Лукоил 8-4(2-3) Џојсон Сејфти Системс
Лукоил: Марјан Цветковски 3’ 34’ Горан стојанов 3’ 26’ 37’ 39’ Иван Стојчев 23’ 38’
Џојсон Сејфти Системс: Анастас Секуловски 18’ Вецко Вренцовски 7’ 8’ 30’
Овогодинешниот натпревар за шампионската титула го одиграа екипите на Лукоил и Џојсон Сејфти Системи. И двете екипи во големото финале и бробата за тронот влегоа без калкулации целсоно мотивирани со желба да го освојат насловот. Иако двете екипи уште во текот на сезоната го покажаа и докажаа својот квалитет искуството беше на страната на Лукоил кој во периодот наназад има веќе освоено 3 титули. Лукоил во раната фаза од натпреварот по само две минути игра успеа да постигне два погодоци во низа и тоа преку Цветковски и Стојанов, по овие два гола екипата на Џојсон Сејфти Системс заигра храбро со притисок во предно поле и одлично поставен напад ваквата игра вроди со плод пред се поради расположениот Вецко Вренцоски кој со два гола го врати Џојсон Сејфти во егал натпревар. Во самиот финиш Секуловски успеа Џојсон Сејфти да го однесе со предност од 1 гол на полувремето (2-3). Во второто полувреме екипата на Лукоил успеа на самиот старт да ги спроведе техничко тактичките замисли кои беа утврдени на полувремето и со гол во 23та минута на Стојчев да израмнат на 3-3. Вечерва расположениот Стојанов кај екипата на Лукоил и донесе на својата екипа водство од 4-3, но Џојсон Сејфти Системс повторно го имаше Вренцоски кој успеа да израмни ан 4-4. Вакото наизменично менување на водството го прекина серијата од неискористени шанси кај екипата на Џојсон Сејфти Системс што пак на другата страна Лукоил го казни преку маестралниот Цветковски а потоа и Стојанов и Стојчев за стекнување на резултатска предност. Времето беше сојузник на Лукоил па Џојсон Сејфти Системс мораше со голман играч да се обиде да се врати во натпреварот. Искусниот Лукоил не дозволи да биде изненаде со ваква игра па на крајот дојде до шампионската титула со резултат од 8-4.