Рамстор 3-2(1-1) ЕЛЕМ
Рамстор: Енис Мурселов 18’ 31’ Авни Воша 36’
ЕЛЕМ: Тихо Груевски 2’ 39’
РамсторНатпреварот за третото место од овогонишената Бизнис Лига го одиграа екипите на Рамстор и ЕЛЕМ. Екипата на Рамстор во натпреварот влезе десеткувана, неколку клучни играчи вклучувајќи го и Ибрахим Бекир не можеа да настапат на овој натпревар поради повреди со кој се здобија во дерби натпреварот со Лукоил. За разлика од нив екипата на ЕЛЕМ настапи во полн состав, тие на самиот старт во втората минута преку Груевски ја превземаа иницијативата и со погодок успеаа да наметнат притисок кај екипата на Рамстор. Екипата на Рамстор рутинирано и искусно успеа да ги консолидира своите редови и со мудра и добро поставена игра во самиот крај на полувремето преку одличниот Енис Мурселов вечерва израмни на 1-1. Во второто полувреме Рамстор успеа да постави против игра пред се благодарение на добро поставениот напад и тактичките замисли кои успеваа да ги спроведат на терен. Со ваквата игра Рамстор стигна до резултат од 3-1, екипата на ЕЛЕМ како би се вратила во натпреварот во своите редови внесе голман- играч што им вроди со плод па преку Груевски успеаа да намалат на 3-2. Времето беше сојузник на екипата на Рамстор која го доби овој натпревар со 3-2 и стигна до третото место во Бизнис Лигата на Македонија