Рамстор 5-2(2-1) Гранит
Рамстор: Енис Мурселов 39’ Емран Селим 37’ Енгин Мемеди 27’ Кадир Јахја 10’ Ибрахим Бекир 18’
Гранит: Николче Глигуровски 35’ Дарко Петров 19’
Последниот натпревар за влез во Ф4 го одиграа екипите на Рамстор и Гранит екипи кои во текот на целата сезона играа квалитетен фудбал и заслужено се најдоа рамо до рамо со најдобрите. Екипата на Рамстор одигра одлично прво полувреме играјќи отворен фудбал со многу удари кон противничкиот гол, кај Гранит пак во ваквата поставеност беше воочлива кратката клупа. Екипата на Рамстор постигна два гола во првото полувреме со што створи комфортна зона и го стави целосно притисокот врз екипата на Гранит кој во самиот финиш од полувремето успеа да намали на 2-1. Во второто полувреме екипата на Рамстор целосно ја превзеде иницијативата не дозволувајчи му на Гранит да ја постави својата препознатлива игра кога на тоа ќе се додаде и слабата реализација Гранит не можеше да смета на резултатски приклучок во второто полувреме. На крајот на овој натпревар Рамстор славеше со 5-2.