ЕЛЕМ 3-7(1-3) Џојсон Сејфти Системс
ЕЛЕМ: Роберт Здравковски 6’ 27’ 37’
Џојсон Сејфти Системс: Марко Димоски 6’ 33’ Жика Стојкоски 4’ Анастас Секуловски 5’ Вецко Вренцоски 26’ 37’ Младен Костески 37’
Вториот полуфинален натпревар и броба за влез во големото финалето го одиграа екипите ЕЛЕМ и Џојсон Сејфти Системс. Екипата на ЕЛЕМ со стандардна постава го започна овој натпревар играјќи отворен фудбал кој беше максимално фокусиран во делот на нападот. Со ваквата игра ЕЛЕМ му дозволи на Џојсон Сејфти Системс да развива брзи контра напади преку кој доаѓаше до изгледни шанси за гол. Џојсон Сејфти Системс во водство дојде во 4та минута преку Жика Стојковски на кој по нецела минута му се приклучија Атанас Секуловски и Марко Димовски , по само 6 минути игра екипата на Џојсон Сејфти Системс имаше солидна предност од 0-3. Екипата на ЕЛЕМ преку Роберт Здравковски успеа да намали на 1-3 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме двете екипи продолжија да играат во висок ритам, кај екипата на Џојсон Сејфти Системи проработе Вецко Вренцоски кој постигна два погодоци, ЕЛЕМ пак не успеа да ги реализира отворените шанси за гол и немаше своја вечер. Во листата на стрелците кај екипата на ЕЛЕМ остана запишан само Здравковски кој беше единстевана светла точка со постигнати 3 гола.
Во ваквата игра Џојсон Сејфти Системс успеа да направи резултатска предност, екипата на ЕЛЕМ со голман играч се обиде да се врати во натпреварот, но Џојсон Сејфти Системс имаше своја вечер не го дозволи тоа па на крајот славеше со убедлива победа од 3-7 со која влезе во големото финале.