Халк Банка го издржа притисокот и славеше над Атлантик Груп

Халк Банка 4-3 (3-2) Атлантик Груп

Халк Банка: Алпер Тахир 4’; Апостол Ангелковски 7’; Горан Трпчевски 9’; Влатко Блажевски 30’
Атлантик Груп: Благојче Стојановски 11’; Марко Вујиќ 16’; Љупчо Павковиќ 25’

Интересно и динамично прво полувреме одиграа екипите на Халк Банка и Атлантик Груп, кои настапија со отворена игра и создадоа неколку одлични можности за погодок. Халк Банка прва го отвори резултатот во 4. минута преку Алпер Тахир, а само три минути подоцна Апостол Ангелковски ја зголеми предноста на 2-0. Како што одминуваше времето, Атлантик Груп играше сè поотворено во обид да ја намали негативата, но Халк Банка умешно го користеше оставениот простор за брзи контранапади. Во 9. минута Горан Трпчевски погоди за убедливи 3-0. Сепак, Атлантик Груп брзо одговори, па само две минути подоцна Благојче Стојановски ја намали негативата на 3-1. Притисокот на Атлантик Груп продолжи, а Марко Вујиќ во 16. минута погоди за 3-2, внесувајќи дополнителна неизвесност во завршницата на првото полувреме. Со овој резултат екипите заминаа на пауза. Во второто полувреме Атлантик Груп продолжи со офанзивната игра и во 25. минута преку Љупчо Павковиќ успеа да стигне до израмнување на 3-3. Сепак, Халк Банка не дозволи противникот да го преземе водството и само пет минути подоцна, во 30. минута, Влатко Блажевски погоди за 4-3. Во завршницата Атлантик Груп вложи дополнителни напори и изврши силен притисок кон противничкиот гол во обид да стигне до израмнување. Халк Банка, сепак, покажа цврстина во одбраната, ја сочува минималната предност и заслужено ги освои трите бода со победа од 4-3.

Играч на натпреварот: Влатко Блажевски (Халк Банка)