heder-novheder-novheder-novheder-nov
  • Почетна
  • Новости
  • Натпревари
    • Натпревари Есенски дел
    • Натпревари Пролетен дел
  • Екипи
    • Екипи А-М
      • A1
      • Водовод Скопје
      • ЕВН
      • ЕЛЕМ
      • Гранит
      • ЈП Дрисла
      • ЈСП
      • Лукоил
      • Матрикс
    • Екипи Н-Ш
      • Пивара Скопје
      • Рамстор
      • Спорт Лајф
      • С.Ц. Борис Трајковски
      • Темато
      • Уни Банка
      • Фабрика Карпош – ГИМ
      • Џонсон Мети
      • Шпаркасе Банка
      • Joyson S
      • Van Hool
  • Табела
  • Најдобри Стрелци
  • Мултимедија
    • Видеа
    • Галерија
  • Шампиони
  • Контакт
  • LiveStream

biznisliga

Џојсон Сејфти Системс со пр Џојсон Сејфти Системс со пресврт до победа над Ван Хоол и влез во Ф4

Џојсон Сејфти Системс 5-3(1-1) Ван Хоол

Џојсон Сејфти Системс: Анастас Секуловски 36’ Вецко Вренцоски 30’ 35’ 39’ Младен Костески 20’
Ван Хоол: Даниел Стаменковски 26’ 29’ Стефан Станојковиќ 11’ 

Крајно израмнето прво полувреме одиграа екипите на Џојсон Сејфти Системс и Ван Хоол целиот ацент на двете страни беше ставен на играта во одбраната, двете екипи играа максимално ангажирано. Прва во водство дојде екипата на Ван Хоол преку Станојковиќ во 11та минута од натрпеварот. Ова водство екипата на Ван Хоол успеа да го задржи до самиот финиш на првото полувреме кога Џојсон Сејфти Системс преку Костевски израмни на 1-1 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме уште на самиот старт екипата на Ван Хоол ја превзеде иницијативата и успеа да створи одлична предност од 1-3 која во одреден момент се чинеше недостижна за екипата на Џојсон Сејфти Системс, но Ван Хоол направи неколку грешки во додавање кои Џојсон Сејфти успеа да ги искористи и претвори во гол, во ваква консталација и поставеновст Џојсон Сејфти не само што успеа да израмни туку и дојде до водство од 5-3. Екипата на Ван Хоол се обиде и со голман играч да направи пресврт но успеа во тоа па Џојсон Сејфти Славеше со 5-3.
@golmkd 
@gorskavodamk 
@procam_studio
ЕЛЕМ приреди сензација: Го совлада минатогодишниот шампион Матрикс и влезе во Ф4

Матрикс 2-3(2-1) ЕЛЕМ

Матрикс: Драган Брњарчевски 16’ Мирко Богески 11’ 
ЕЛЕМ: Александар Аврамовски 21’ Роберт Здравковски 2’ Тихо Груевски 38'

Дуелот помеќу екипите на Матрикс и ЕЛЕМ уште на самиот старт започна многу фуриозно со цврста игра и на двете страни по што можевме да заклучиме дека следи дерби натпревар. Во раната фаза од натпреварот екипата на ЕЛЕМ дојде до водство преку погодокот на Здравковски во 2та минута по што ЕЛЕМ заигра дефанзивно затварајќи ги сите приоди кон својот гол, но во втората половина од полувремето кај Матрикс проработена Богески и Брњарчевски кои за неполни 3 минути успеаа да дадат два гола и со целосен пресврт го однесо Матрикс на паузата со предност од 2-1. Во второто полувреме ЕЛЕМ на самиот старт преку Аврамовски успеа да израмни на 2-2. Овој гол на ЕЛЕМ му даде мотив за игра и ветер во грб. Екипата на Матрикс се обидуваше преку својата препознатлива игра да дојде до водство но ЕЛЕМ во своите редови го имаше расположениот Радески кој беше вистинска сензација на голот на ЕЛЕМ. Во самиот финиш по грешка во додавањето на Матрикс Здравковски  му донесе водство на елем од 2-3, во ваквата ситуација екипата на Матрикс напаѓаше во предно поле по што постигна гол и израмни на 3-3. Постигнатиот гол беше спорен и судиите Стефков и Димитриевиќ по преглед на снимката одлучија да го поништат голот а по неполни 10 секуни ЕЛЕМ остана со играч помалце. Екипата на Матрикс имаше 15 секуни да реализира, но ЕЛЕМ лавовски се бореше не дозволи изненадување и го доби овој натпревар со 3-2.
@procam_studio 
@matrix_skopje 
@gorskavodamk 
@elem
@golmkd
Цветковски со одлична игра Цветковски со одлична игра го однесе Лукоил во Ф4 

Лукоил 5-3(4-2) Фабрика Карпош – ГИМ

Лукоил: Иван Стојчев 11’ 13’ Лоренцо Николоски 2’ 14’ Гоце Мојсоски 30’
Фабрика Карпош – ГИМ: Игор Николовски 12’ 37’ Тони Котев 19’ 

Првиот дуел за влез во Финал 4 го одиграа екипите на Лукоил и Фабрика Карпош – ГИМ и двете екипи влегоа со максимално сериозен пристап знаејќи дека во вакви натпревари нема право на грешка. Екипата на Лукоил уште на самиот старт ја наметна својата препознатлива игра играјќи долги напади кои беа осмислени како би се створило вишок во одбраната на Фабрика Карпош. Со ваквата игра Лукоил успеа да поведе преку Николовски на кој му се приклучи Стојчев, но Фабрика Карпош успеа да искорити погрешно додавање во нападот на Лукоил и преку контра напад намалија на 2-1. Но искуството на Лукоил дојде до израз екипата со смирена и стабилна игра преку двоецот Николовски- Стојчев успеа да поведе на 4-1. Во самиот финиш на полувремето Фабрика Карпош – ГИМ преку Котев успеа да намали на 4-2 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме и двете екипи продолжија да играат во висок ритам, екипата на Лукоил остана со играч помалце по груб старт и исклучување и 2 минути, екипата на Фабрика Карпош успеа ова да го претвори во гол и да го намали водството како би фатила резултатски приклучок. Во самиот финиш влеговме во отворен натпревар, Фабрика Карпош имаше шанса да се врати во натпреварот преку пенал, но Лукоил го имаше на голот rасположениот Цветковски кој беше човек на натпреварот и го однесе Лукоил во Ф4 со резултат од 5-3.
@golmkd 
@lukoil.macedonia 
@fabrikakarpos 
@gorskavodamk 
@procam_studio
Почитувани,

Денеска со почеток во 18 и 30 часот во Спортскиот Центар Борис Трајковски (мала сала) ќе се одигра Ф8 фазата во Бизнис Лигата на Македонија.

Силите ќе ги одмерат екипите на:
Лукоил и Фабрика Карпош – ГИМ со почеток во 18:30 часот
Матрикс и ЕЛЕМ со почеток во 19:30 часот
Џојсон Сејфти Системс и Ван Хоол со почеток во 20:30 часот
Рамстор и Гранит со почеток во 21:30 часот

Како и секогаш очекуваме неизвесни натпревари полни со возбуда
Ве очекуваме да ги проследиме натпреварите во живо, доколку не сте во можност натпреварите можете да ги следите на live stream на нашиот Јутуб канал

Со почит,
Бизнис Лига на Македонија
Интервју 🎤 Сашe Димитровск Интервју 🎤 Сашe Димитровски
@boris_trajkovski_sports_center 
@golmkd 
@gorskavodamk 
@procam_studio
Интервју 🎤 Марјан Казаковски
@fabrikakarpos 
@gim
@golmkd 
@gorskavodamk @procam_studio
Интервју 🎤 Љупчо Стојковски 
@gorskavodamk 
@golmkd 
@procam_studio
Интервју 🎤 Дуле Ацковски Интервју 🎤 Дуле Ацковски
Повеќе Следи нè на Instagram

  • Гранит
  • ЕВН
  • Елем
  • ЈСП
  • Лукоил
  • Матрикс
  • A1
  • ЈП Дрисла
  • Пивара Скопје
  • С.Ц. Борис Трајковски
  • Рамстор
  • Уни Банка
  • Фабрика Карпош
  • Џонсон Мети
  • Van Hool
  • Joyson S
  • Водовод Скопје
  • Спорт Лајф
  • Темато
  • Шпаркасе Банка
© 2018 Biznisliga. All Rights Reserved