ПОКАНА ЗА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА

Почитувани,

Со особена чест Ве покануваме на прес-конференцијата по повод отворањето на 17-тата последователна сезона на Бизнис Лигата на Македонија, најпрестижното аматерско натпреварување во мал фудбал, во кое традиционално учествуваат успешни компании и деловни субјекти од Република Македонија.

Бизнис Лигата на Македонија низ годините прерасна во препознатлив спортско-општествен настан, кој преку спортот ги поврзува деловната заедница, институциите и пошироката јавност, промовирајќи ги вредностите на тимскиот дух, фер-плејот, дружењето и здравиот начин на живот.

На прес-конференцијата ќе бидат официјално претставени учесниците во сезоната 2026/2027, како и целокупниот концепт на претстојната сезона. Притоа, ќе бидат презентирани системот и форматот на натпреварување, правилата и пропозициите, распоредот на натпреварите, како и останатите детали поврзани со организацијата и реализацијата на сезоната.

Свеченото отворање и стартот на сезоната 2026/2027 се закажани за 5 октомври 2026 година, со почеток во 18:45 часот, во Т-Арена / Борис Трајковски.

Датум: 1 октомври 2026 година (четврток)
Локација: Прес-центар, Т-Арена / Борис Трајковски
Почеток: 18:00 часот

Вашето присуство ќе ни претставува особена чест и признание за значењето на Бизнис Лигата на Македонија и нејзината долгогодишна мисија во унапредувањето на спортот, тимскиот дух и поврзувањето на деловната заедница.

Со почит,
Бизнис Лига на Македонија