Алкалоид 6-2(4-0) А1
Алкалоид: Кристијан Патров 6” 38”, Дарко Петрушевски 7”, Марк Марковски 9”, Никола Спасовски 14”, Христијан Ангеловски 37”
А1: Марко Недевски 29”, Дамјан Бачовски 30”
Одличен старт на натпреварот имаше екипата на Алкалоид во натпреварот со А1. Со контролирана игра во делот на нападот, Алкалоид наметна контрола на натпреварот, и истата со одличната реализација на Патров, Петрушевски и Марковски, до средина на првото полувреме успешно ја преточи во водство од 3-0. Во тие моменти А1 искористи тајм-аут како би можеле да се консолидираат и да најдат против игра на вечерва расположениот Алкалоид. Во продолжение А1 се обиде со висок пресинг да го загрози голот на Алкалоид, но разреденоста во нивните задни редови ја искористи Спасовски кај Алкалоид, и со гол во 14” му донесе водство на својот тим од 4-0, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме екипата на А1 влезе далеку по мотивирано, прикажувајки отворена и смела игра по должина на целиот терен. Ваквиот пристап вроди со полод во средината на второто полувреме кога кај А1 проработе дуото Недевски – Бачовски, кои со два гола во низа ја вратија А1 резултатски во овој натпревар при резултат 4-2. Но Алкалоид продолжи со контролираната игра, не подлегна под притисокот и со тоа не дозволи никакви изненадувања. Одличната игра на Алкалоид ја крунисаа Ангеловски и Патров постигнувајќи два гола во завршните минути од второто полувреме за победа на Алкалоид на ово натпревар од 6-2.