
Алкалоид 7-1(2-1) Тиквеш
Алкалоид: Стефан Димовски 34’ 39’ Синиша Петковски 18’ 38’ Никола Спасовски 7’ Кристијан Патров 36’ Бојан Ристевски 40’
Тиквеш: Деко Марков 2’
Интересно и динамично прво полувреме одиграа екипите на Алкалоид и Тиквеш, со отворена игра и одлични шанси на двете страни. Тиквеш прв стигна до предност, откако Деко Марков во 2. минута ја затресе мрежата на противникот за 0-1. По почетната негатива, Алкалоид ја зацврсти играта во одбраната и преку брзи транзиции сè почесто се закануваше кон противничкиот гол. Таквиот пристап донесе резултат во 7. минута, кога Никола Спасовски погоди за израмнување на 1-1. Во продолжението, двете екипи играа цврсто и рамноправно, сè до 18. минута, кога Алкалоид ја искористи грешката во одбраната на Тиквеш и преку Синиша Петковски направи целосен резултатски пресврт за водство од 2-1. Со овој резултат екипите заминаа на паузата. Во второто полувреме, Алкалоид вршеше постојан притисок кон голот на противникот, но Тиквеш долго време успешно се бранеше и го одржуваше натпреварот неизвесен. Сепак, во самиот финиш дојде до пад на концентрацијата во редовите на Тиквеш, што Алкалоид максимално го искористи. Во последните седум минути, Алкалоид постигна пет погодоци, преку Синиша Петковски, Стефан Димовски, Кристијан Патров и Бојан Ристевски, за убедлива победа од 7-1. Со одличната завршница, Алкалоид ја потврди својата ефикасност и заслужено стигна до трите бода.
Играч на натпреварот: Стефан Димовски (Алкалоид)