Алкалоид со одлична реализација до победата над Кромберг и Шуберт

Алкалоид 10-2(6-0) Кромберг и Шуберт

Алкалоид: Стефан ДИмовски 6’ 8’ 20’ Антонио Максимовски 14’ Синиша Петковски 35” Никола Спасовски 7’ Кристијан Патров 7’ 38’ Бојан Ристевски 21’ 25’
Кромберг и Шуберт: Ристе Станковски 37’ Бране Петровски 27’

Интересно прво полувреме ни прикажаа екипите на Алкалоид и Кромберг и Шуберт, екипата на Алкалоид имаше одличен почеток и брза реализација за отварање на резултатот уште во 6та минута. Ова рано водство им даде дополнителна мотивација па со одлично организиран напад се почесто се закануваа кон голот на противникот што им донесе зголемување на предноста. Екипата на Кромберг и Шуберт се обидуваше резлутатски да се врати во натпреварот но Алкалоид одлично ја постави одбраната и не дозволи изненадување па на паузата замина со предност од 6-0. Во второто полувреме екипата на Алкалоид продолжи со одлична игра и од минута во минута ја зголемуваше резултатската предност. Екипата на Кромберг и Шуберт успеа да реализира преку Петровски, но предноста на Алкалоид беше недостижна па на крајот од овој дуел Алкалоид славеше со 10-2