
Алма М 3-5(2-1) Алкалоид
Алма М: Абдула Фера 3’ 36’ Мухамед Муртезани 19’
Алкалоид: Стефан Димовски 15’ 25’ 35’ 39’ Кристијан Патров 23’
Одличен почеток за екипата на Алма М во дуелот со Алкалоид, тие уште на самиот почеток во 2та минута успеаа да го отворат резултатот со погодокот на Фера. По ова рано водство на Алма М екипата на Алкалоид ја затегна играта во одбраната и се почесто се закануваше кон голто на противникот. Ваквата игра и донесе израмнување на 1-1 во 15та минута преку погодокот на Димовски, екипата на Алкалоид продолжи со притисокот кон голот на противникот, но Алма М преку брз контра напад успеа да реализира и замине на паузаа со предност од 2-1. Во второто полувреме екипата на Алкалоид продолжи со одлична игра и со погодоците на Патров и Димовски успеа да дојде до целосен резултатски пресврт и водство од 2-3 до 25та минута. До крајот на натпреварот екипата на Алма М се обидуваше резултатски да се врати во натпреварот но Алкалоид одлично ја постави играта во одбраната ја сочува предноста и славеше на крајот од овој дуел со резултат од 3-5.