Алкалоид со пресврт во второто полувреме до победа над LC Waikiki

LC Waikiki 3-7(3-1) Алкалоид

LC Waikiki: Џемаил Рамадани 13’ Есер Сулејмани 7’ 12’
Алкалоид: Стефан Димовски 11’ 28’ 37’ Синиша Петковски 33’ 38’ Никола Спасовски 30’ 35’

Ефективно прво полувреме одиграа екипите на LC Waikiki и Алкалоид, двете екипи силно мотивирани влегоа во овој дуел со отворена и офанзивна игра. Екипата на LC Waikiki прва го отвори резултатот во 7та минута од полувремето со погодокот на Сулејмани, екипата на Алкалоид имаше брз одговор и со одличне погодок на Димовски успеа да израмни на 1-1. Како одминуваше времето екипата на LC Waikiki успеа да створи резултатска предност од 2 гола до 13та минута. До крајот на полувремето екипата на Алкалоид вршеше силен притисок кон голот на противникот но до полувремето не успеа да реализира па LC Waikiki на паузата замина со предност од 3-1. Во второто полувреме екипата на Алкалоид успеа да ги реализира своите шанси и започна со топење на резултатската негатива. Во втората половина на полувремето екипата на Алкалоид го искористи падот во играта на LC Waikiki по повредата на голманот и успеа да дојде до целосен резултатски пресврт и водство од 3-4 во 33та минута од натпреварот. Екипата на Алкалоид до крајот на натпреварот успеваше да ги реализира своите шанси и успеа да створи предност која беше недостижна за LC Waikiki, па на крајот од овој дуел Алкалоид славеше со убедлив резултат од 3-7.