Алкалоид со целосен пресврт до победа над Фабрика Карпош – ГИМ

Фабрика Карпош – ГИМ 2-4(1-1) Алкалоид

Фабрика Карпош – ГИМ: Георги Божиков 2′ Кристијан панев 22′
Алкалоид: Стефан Димовски 3′ Денис Салковиќ 29’34′ 39′

Израмнето прво полувреме одигра екипите на Фабрика Карпош – ГИМ и Алкалоид, видовме рано спотигнат гол во 2та минута за водство на екипата на Фабрика Карпош но веќе следната минута имаше одговор од другата страна за израмнување. По оваа почетна еуфорија темпото на игра спласна играчите повеќе се фокусираа на одбраната и со повремени удари од далечина се обидуваа да го изненадат противникот. На полувремето сепак се замина со резултатот од 3тата минута 1-1. На стартот од вториот дел екипата на Фабрика Карпош успеа да ја искористи предноста со играч плус на теренот и да поведе со 2-1. По оваа негатива екипата на Алкалоид направи неколку промени во играчкиот кадар што резултираше со целосен пресврт во 34та минута благодарение на расположениот Салковиќ кој ја осигура победата на Алкалоид со 3 постигнати гол. Крај 2-4.