Аџибадем Систина (1-4) Алкалоид
Аџибадем Систина: Игор Ѓорѓиевски 12’ Никола Трајковски 21’ Диме Стевковски 26’ 39’
Алкалоид: Дејан Петровски 40’ Антонио Максимовски 2’ Дарко Петрушевски 10’ 27’ 29’ Христијан Ангеловски 6’ Кристијан Патров 11’
Одличен почеток за екипата на Алкалоид во дуелот со Аџибадем Систина. Тие уште во втората минута, со погодокот на Максимовски, успеаја да го отворат резултатот и да поведат со 0-1. Ова рано водство им даде ветер во грб да притиснат уште посилно во предното поле, што им донесе одлична реализација и солидна резултатска предност од 0-4. Екипата на Аџибадем Систина успеа преку Ѓорѓиевски да ја намали резултатската негатива на 1-4, резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме, Аџибадем Систина продолжи со одлична игра и со погодоците на Трајковски и Стевковски намали на само еден гол негатива, 3-4. Екипата на Алкалоид потоа успеа да го затвори пристапот кон својот гол, а со брзи контранапади се закануваше на спротивната страна, со што повторно ја зголеми предноста. Екипата на Аџибадем Систина се обиде со голман-играч да се врати во натпреварот, ја намали резултатската негатива но не успеа да направи нешто повеќе, па на крајот од овој меч Алкалоид славеше со конечен резултат од 4-7.