Алма М со одлична завршница до победата над Фабрика Карпош

Алма М 9-7(4-4) Фабрика Карпош

Алма М: Абдула Фера 7’ 29’ 30’ 30’ 40’ Мухамед Муртезани 38’ Бесир Абдула 20’ Александар Таневски 14’ 16’
Фабрика Карпош: Филип Илиевски 6’ 15’ 20’ 33’ Оливер Бошковски 34’ Бојан Талевски 9’ 27’

Интересно прво полувреме прикажаа екипите на Алма М и Фабрика Карпош, двете екипи силно мотивирани влегоа во натпреварот со офанзивна игра. Екипата на Фабрика Карпош прва го отвори резултатот во 6та минута со погодокот на Илиевски, по ова водство Алма М притисна во предно поле со цел да дојде до израмнување на резултатот. Алма М успеа во ова во 9та минута, но Фабрика Карпош одма возврати и повторно поведе со 1-2 со погодокот на Талески во истата минута. До крајот на полувремето екипите играа гол за гол и ниту една од екипите не успеа резултатски да се одвои па на паузата заминаа со резултат од 4-4. Во второто полувреме се продолжи со израмнета игра, екипите се менуваа во водството и до 34та минута резултатот беше 7-7 што ја направи завршницата многу интересна. Во самиот финиш од натпреварот екипата на Алма М искористи грешки во одбраната на Фабрика Карпош што им донесе два погодоци и победа во овој дуел од 9-7.