
ВДЛ Ван Хоол 15-4(8-2) Аџибадем Систина
ВДЛ Ван Хоол: Даниел Стаменковски 11’ Стефан Станојковиќ 5’ Димче Андов 8’ 9’ 13’ 27’ 28’ 29’ 30’ 33’ 36’ Валентино Трајковски 4’ 7’ 12’ 39’
Аџибадем Систина: Игор Ѓорѓиевски 7’ Кристијан Димковски 38’ Мартин Ѓоргиоски 8’ Дамјан Јовчевски 35’
Одличен почеток за екипата на ВДЛ Ван Хоол во дуелот со Аџибадем Систина тие на самиот старт во 3та минута со погодокот на Трајковски го отворија резултатот и поведоа со 1-0. Ова рано водство им даде дополнителен мотив па со погодокот на Станојковиќ успеаа да зголемат на 2-0. Екипата на Аџибадем Сиситна со погодок на Ѓоргиевски успеа да ја намали резултатската разлика, сепак екипата на ВДЛ Ван Хоол во ова прво полувреме имаше одлична реализација и на полувремето замина со предност од 8-2. Во второто полувреме екипата на ВДЛ Ван Хоол продолжи со добра игра и одлична реализација, екипата на Аџибадем Систина не успеваше да најде против игра за денес расположениот противник. Екипата на ВДЛ Ван Хоол преку својот најдобар стрелец Андов успеа да осигура висока предност и сигурна победа во овој дуел со резултат од 15-4.