Аптив со го издржа притисокот и славеше над DHL

DHL 2-4(0-1) Аптив

DHL: Драган Златановски 38’ Мартин Каровски 34’
Аптив: Александар Марковски 10’ Иле Трајковски 24’ 29’ Дамјан Хрдличка 40’

Цврсто прво полувреме одиграа екипите на DHL и Аптив, двете екипи во овој натпревар влегоа со со брзо темпо на игра и фокус ставен на одбраната. Екипата на Аптив го отвори резултатот со одличниот погодок на Марковски во 10та минута од полувремето. По ова водство на Аптив екипата на DHL се обидуваше со брзи контра напади и удари од далечина да го изненади противничкиот голман, но денеска голманот на Аптив Спасовски беше на ниво на задачата па до полувремето неговата мрежа мируваше. Во второто полувреме екипата на DHL продолжи со отворена игра, во ваквата игра подзаборави на одбраната што Аптив го искористи за водство од 0-2. Во остатоткот од полувремето екипата на DHL успеа да на ја намали резултатската негатива, но немаше сили за пресврт па на крајот од овој натпревар Аптив славеше со 2-4.