Аптив со одлично второ полувреме до победа над Транском

Транском 3-9(2-3) Аптив

Транском: Фисник Реџа 17” 34”, Марио Јуханаев 19”
Аптив: Даниел Стојановски 8”, Александар Марковски 9” 23”, Бранислав Јовановски 18”, Марио Настевски 24” 40”, Владимир Јовановски 28”, Иле Трајковски 32” 35”

Одлично прво полувреме ни прикажаа екипите на Транском и Аптив. Сеиграше отворена игра. Екипите од самиот старт го ставија акцентот на офанзивната игра, што донесе многу шанси на двете страни. Прва до погодок дојде екипата на Аптив со гол во реалицаија на Стојановски со што Аптив поведе со резултат 0-1. По неполни две минути на него му се приклучи и соиграчот Марковски со што Аптив го зголеми водството на 0-2. Во тие моменти екипата на Транском притисна во предно поле со што создаде неколку излгедни шанси за гол. Ваквата игра вроди со плод во 17” кога Реџа постигна гол за резултат 1-2. Отворената игра продолжи и на двете страни па до крајот на првито полувреме и двете екипи постигнаа по еден гол за резултат на полувремето од 2-3.
Во второто полувреме екипата на Аптив влезе во ритам и наметна брзо темпо на играта во делот на нападот, со што создаде бројни шанси за гол проследени со одлична реализација, па така од минута во минута го зголемуваше водството. Транском се обиде со пресинг по целиот терен да фати резултатски приклучок но со само еден погодок во второто полувреме во реализација на Јуханаев, Транском не успеа резултатски да се приклучи, па на крајот Априв славеше со победа при резултат 3-9.