Аптив со одлично второ полувреме до пресврт и победа над Уни Банка

Аптив 7-2(1-2) Уни Банка

Аптив: Александар Марковски 19’ Дамјан Хрдаличка 30’ Иле Трајковски 35’ 37’ Кире Стаматовски 35’ 36’ 40’
Уни Банка: Ѓорѓи Пецевски 11’ Александар Кузинаков 18’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Аптив и Уни Банка. Уште на самиот старт двете екипи наметнаа високо темпо на игра што донесе шанси за погодок на двете страни. Кон средината на полувремето екипата на Уни Банка со погодокот на Пецевски успеа да го превземе водството. Како одминуваше времето двете екипи започнаа со поагресивен фудбал што во 18та минута на Уни Банка и донесе предност од 0-2. И кога се очекуваше на полувреме да се замине со овој резултат екипата на Аптив успеа да постигне погодок и да намали на 1-2 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Аптив ја превзеде иницијативата и вршеше силен притисок кон голот на Уни Банка што вроди со плод во периодот од 30та до 36та минута кога успеаа да постигнат 4 погодоци за целосен резултатски пресврт. Екипата на Уни Банка по овој резултатски шок не успеа да се врати во игра па го загуби овој натпревар со 7-2