
Макстил 6-7(3-2) Аптив
Макстил: Мухамед Исмаиљи 9” 38”, Бојан Неделковски 10”, Бурхан Етемов 16”, Лазев Мартин 32” 34”
Аптив: Александар Марковски 17” 27” 39”, Владимир Јовановски 18” 39”, Иле Трајковски 23”, Стефан Петрушевски 30”
Екипата на Макстил максимално мотивирано и со одличен концепт влезе во овој натпревар. Ваквата постевеност на играта и сериозниот пристап уште на самито старт вродија со плод па екипата на Макстил стигна до извонредни 3-0. Во тие моменти кај Аптив проработе дуото Марковски – Јовановски кој успеа да намали на 3-2, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме екипата на Аптив продолжи со одлична игра, имаше одлична поставеност во делот на нападот каде што со брзи проигрувања доаѓаше до отворени шанси за гол. Ова успеаа да го искористат па да направат целосен пресврт од 3-5. Во понатамошниот дел од натпреварот екипите најизменично се менунуваа во воднството, се играше гол за гол и на двете страни. Екипата на Аптив во самиот финиш повторно преку дуото Марковски – Јовановски успеа да дојде до гол позитива при резултат 6-7. Екипата на Макстил немаше доволно време да израмни па го загуби овој натпревар со 6-7.