Леар 4-6(1-3) Аптив
Леар: Тоше Зафировски 31’ 40’ Марјан Ѓорѓиески 6’ Благојче Симјановски 40’
Аптив: Александар марковски 26’ Дамјан Хрдличка 16’ 38’ Љубиша Кузмановски 1’ Марио Настевски 11’ Стефан Петрушевски 40’
Динамично прво полувреме одиграа екипите на Леар и Аптив, двете екипи со отворен и брз фудбал започнаа од самиот старт на полувремето. Екипата на Аптив уште во првата минута успеа да го отвори резултатот со погодокот на Кузмановски, по ова рано водство Леар ги консолидира своите редови и притисна во предно поле па во 6та минута преку Ѓорѓиески успеа да израмни на 1-1. Како одминуваше времето екипата на Аптив со повисоко темпо на игра доаѓаше до одлични шанси за реализација кои успеваше да ги искористи за предност од 1-3 на полувремето. Во второто полувреме се продолжи со одлична игра екипата на Аптив со одлична тимска игра ја одржуваше предноста. Екипата на Леар имаше одлични шанси за резултатски да се врати во натпреварот со погодоците на Зафировски и Симјановски, но екипата на Аптив одлично возврати не дозволи изненадување и на крајот од овој дуел славеше со 4-6.