Атанасов со гол во последните секунди им донесе победа на МРТ во дуелот со Аџибадем Систина

Аџибадем Систина 5-6(3-3) МРТ

Аџибадем Систина: Игор Ѓорѓиевски 12’ Кристијан Димковски 1’ 33’ 36’ Диме Стевковски 16’
МРТ: Мартин Фотевски 4’ 18’ 36’ Александар Атанасов 24’ 40’ Жарко Љотиќ 19’

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Аџибадем Систина и МРТ, двете екипи во овој натпревар влегоа силно мотивирани и во отворен фудбал. Екипата на Аџибадем Ситина прва го отвори резултато со погодокот на Димковски во првата минута, екипата на МРТ имаше брз одговор и преку Фотевски дојде до израмнување на резултатот само 3 минути подоцна. Екипата на Систина имаше мини серија и успеа до 16та минута да ја зголеми резултатската предност на 3-1, но МРТ со брза игра и одлични погодоци успеа да ја стопи предноста на противникот и на полувреме замина со израмнет резултат од 3-3. Во второто полувреме се продолжи со цврста и израмнета игра екипите се менуваа во водството до самата завршница. Двете екипи во завршницата влегоа со резултат од 5-5 и кога се чинеше дека овој натпревар ќе заврши реми кај екипата на МРТ блесна Атанасов кој во последните секунди реализира за победа од 5-6.